Манири на модерен џентлмен
Некогаш одамна постоеле правила на витезите. Точно се знаело како тие треба да се однесуваат. Постоеле и кодекси на однесување на...
...вистинските џентлмени. Многу од тогаш е променето. Какви правила важат денес? Кои се модерните господа од кои може да се научи нешто?
Ова се само некои насоки кои го карактеризираат модерниот џентлмен:
Манири
Витештвото и денес значи да се обраќате на другите со почит, особено на жените. Добрите манири и денес се исклучително важни. Кога човекот џвака храна и зборува со полна уста или заборава да каже “молам“ и „фала“, тој не само што изгледа како неандерталец, туку и покажува на другите дека се грижи само за себе. Метју МекКонахи во 2005 година е прогласен за најзгоден маж токму заради добрите манири и шармот.
Романтични гестови
Дејвид Бекам е лидер на листата на романтичари. За 33 роденден на својата сопруга тој и подарил слика од $340.000 долари, а потоа со приватен авион ја одведе на вечера во Париз. Не треба да сте богати за да и приредите романтика. Доволно е само да имате желба и да сте креативни.
Обратете внимание на деталите
Отворете и врата од автомобил. Извлечете и го столчето. Придржете и го палтото. Направете се за вашата девојка да се чувствува како дама и покажете и дека сте вистински господин.
Бранете ја нејзината чест
Покажете и дека сте вистински модерен витез, дека сакате да се грижите за неа и да ја заштитите. Тоа не значи да се тепате со странци на улици. Но, значи дека нема да кревате глас на неа, дека ќе бидете умерени во расправиите и никогаш нема ниту да удрите со рака врз маса. Тоа исто така значи дека ќе ја третирате со почит кога сте во јавност. Ќе и покажете дека ви е важна, но и дека сте маж кој знае како треба да се однесува.
Бидете фер играч
Како и во спортот, важно е да знаете како да се однесувате и кога победувате и кога губите. Немојте да се насладувате кога таа ќе погреши или кога на неа нешто и оди послабо од вам.