Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи што отмените и културните луѓе никогаш не ги прават

Не мавтаат со раце кога сакаат да го викнат келнерот и не ги допираат сите векни леб кога се во маркет. Кои се другите работи што културните луѓе не ги прават?

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-01.jpg

Навистина не треба да вложите многу труд ако сакате другите да ве гледаат како отмена и културна личност.

Треба само да обрнете внимание на некои секојдневни навики и можеби малку да ги промените.

Кои работи не треба да ги правите ако сакате да изгледате отмено и елегантно?

Ги допирате и стискате сите овошја и зеленчуци во маркет

Нормално е да сакате да ги изберете најдобрите намирници во продавница, но не е во ред да ги допирате и стискате сите овошки и сите зеленчуци.

Истото важи и кога купувате леб – немојте да ги допирате и да ги гмечите сите векни.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-02.jpg

Се обидувате да му помогнете на келнерот кога ви носи храна

Иако имате најдобра намера, не пробувајте да ја работите работата на келнерот.

Дозволете му тој да ги остави чиниите и чашите на масата и немојте да ги земате и да им ги подавате на другите кои се со вас.

Исто така, оставете го тој да ги собере садовите од масата, а притоа немојте да ги редите чиниите едни врз други бидејќи ќе го отежнете миењето.

Помогнете му единствено ако тој ве замоли.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-03.jpg

Ја носите чантата во десната рака

Ова правило е во случај да треба да се ракувате со некого.

На повеќето луѓе десната рака им е доминантна, па дури и ако сте левораки, препорачливо е да ја носите чантата во левата рака за другата да ви биде слобода за ракување.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-04.jpg

Мавтате со рацете за да го викнете келнерот

Некогаш е предизвик да му го привлечете вниманието на келнерот во полн ресторан, но и во овие ситуации избегнувајте да мавтате со рацете.

Избегнувајте и да му довикувате на келнерот.

Ако келнерот не ве гледа, сосема доволно е малку да ја кренете раката за да ве забележи и да сфати дека го барате.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-05.jpg

Одите во тоалет среде оброк

Навистина не можеме да контролираме кога ни се оди во тоалет, но кога сте во ресторан со други луѓе, ако можете, воздржете се додека да завршат со јадење.

Истовремено, немојте да кажувате каде ќе одите, туку само извинете се.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-06.jpg

Давате долги објаснувања кога одбивате покана за нешто

Не должите да се објаснувате кога не сакате да прифатите нечија покана.

Нема потреба да раскажувате и да се правдате, туку само кажете дека мора да одбиете.

Дури и ако личноста инсистира, навистина не мора да објаснувате зошто не сакате да одите некаде или да правите нешто.

6-raboti-shto-otmenite-i-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg