Измачување со стаорци, судење на животни: Бизарни факти за средниот век кои ќе ве запрепастат
Од палење на мачки до развод со борба, овие факти точно покажуваат зошто средновековниот период е познат како „мрачниот век“. Средновековниот период често се смета за време на кралеви, замоци, витези и девојки и фантастични приказни. Но, оваа ера била многу понасилна и побизарна, отколку што повеќето мислат и знаат.
Средновековната ера, која се протегала од приближно 5 век н.е. до 15 век, била период на чудни обичаи. Исто како и денес, луѓето со нетрпение ги следеле најновите модни трендови, без разлика колку и смешно тоа да звучело и изгледало.
Како таков пример се женските стандарди за убавина.
Со надеж дека ќе постигнат потркалезно, помазно лице, жените целосно ги кубеле веѓите, трепките, па дури и влакната од косата, оформувајќи тркалезно лице.
Сепак, жените не биле единствените кои внимавале на новите трендови.
Мажите - особено мажите од одредена висока класа - исто така се грижеле со тоа да се пофалат со најновата мода.
За време на средновековниот период, должината на машките чевли го одразувала нивниот социјален статус. Поради ова, некои машки чевли биле издолжувани до тој степен што морале да се зајакнат со материјали како на пример коска од кит.
Но, иако „модните злосторства“ можеби биле причина за потсмевање во средниот век, тоа не било ништо во споредба со казните за вистинските злосторства. Најбизарното од тоа е што дури и животни како свињи и петли би можеле да бидат изведени на суд и да бидат погубени за нивните постапки. Но на крајот од денот, најлошите казни биле резервирани за луѓето.
За време на средновековната ера, луѓето кои биле осомничени дека извршиле кривично дело можеле да бидат подложени на различни грозни методи на тортура.
Меѓу нив спаѓаат мачењето со стаорци како едно од најлошите. Тоа вклучувало мачител кој поставил стаорец во половина пресечен кафез кој потоа бил прилепен на стомакот на жртвата, а потоа од едниот крај кафезот се загревал. Стаорецот, очаен да избега од жештината, се пробивал низ стомакот на жртвата.
Оние кои биле прогласени за виновни за кривично дело честопати се соочувале со уште пострашна судбина. Низ Јужна и Југоисточна Азија, особено во Индија, луѓето понекогаш биле убивани од страна слонови. Дури и некој што ќе бил прогласен за виновен за кривично дело како затајување данок, можел да биде скршен до смрт од страна на слон.
Па дури и луѓето за кои се знаело дека се невини би можеле да доживеат ужасен крај поради одредена болест и недостатокот на модерна медицина. Се проценува дека 30 до 60 проценти од Европејците ги загубиле животите од чума во 14 век.
Но, се разбира, сè што се случувало во средниот век не било поврзано со мачење и смрт. Имало и моменти на останати чудни нешта, како пример бизарни белешки и безобразни цртежи што средновековните монаси ги оставале на маргините на ракописите додека макотрпно ги препишувале текстовите со рака.
Овие додатоци, познати како маргиналија, прикажувале разноразни нешта.
Во еден случај, еден монах се пожалил на студот и колку ладно му било додека ги препишува текстовите. Во друг случај, еден монах нацртал дрво полно со пениси.
Овие белешки и цртежи честопати биле додавани во религиозните текстови што монасите ги препишувале, комплицирајќи ги погледите на историчарите за средновековните луѓе.
Навистина, средновековната ера - како и секоја ера во човечката историја - е невозможно да се дефинира на еден начин. Во текот на неколку векови, луѓето јаделе чудни оброци како пауни, го сметале стрелаштвото како една од најважните животни вештини и ги кубеле сопствените трепки само за да бидат модерни и убави.
Следниве факти за средниот век може да изгледаат чудно денес. Но, за средновековните луѓе тие биле прилично нормални. Како на пример:
- Луѓето не користеле виљушки во средниот век. Иако во средниот век се користеле лажици и ножеви, потребно било подолго време за да се навикнат на виљушките. Во средновековна Англија, мажите ги нарекувале виљушките „женска наклонетост“ и наместо тоа ги користеле прстите за да јадат.
- Англискиот филозоф од 13 век, Роџер Бејкон, претпоставил дека во иднина ќе има автомобили „направени така што без животни ќе се движат со неверојатна брзина“. Тој исто така претпоставил дека луѓето ќе создадат „летечки машини“.
- Криминалците понекогаш се соочувале со чудни казни, како носење животински маски или значки со кои биле опишани нивните злосторства. На пример, некој што бил прогласен за виновен за лажно сведочење може да бил принуден да носи значка на која се прикажани два црвени јазици.
- Според некои пресметки, средновековните селани јаделе по два до три килограми 'ржан леб дневно. Но, пред есенската жетва, понекогаш користеле стара 'рж за да го направат лебот. Не знаеле дека оваа 'рж може да биде заразена со ергот, габа од која може да се извлече ЛСД.
- Во 13 век, папата Григориј IX изјавил дека мачките се животни на ѓаволот, што довело до чистка од мачки низ целиот континент. Многу мачки биле запалени до смрт заради јавна забава, особено црните мачки.
- Никој не знае што ја предизвикало танцувачката чума што избувнала во Стразбур во денешна Франција во 1518 година, што предизвикала стотици луѓе да танцуваат неконтролирано неколку седмици. Сепак, теориите алудираат на масовна хистерија до ефекти слични на ЛСД предизвикани од 'ржаниот леб заразен со ергот. До крајот на ова чудно поглавје од средновековната историја, до 100 луѓе умреле од премногу танцување.
- Жените Викинзи имале збор за тоа со кого ќе се омажеле и можеле да поседуваат имот, да побараат развод и да си го вратат миразот доколку дошло до развод.
- Можеби за стотици години идните научници ќе се загаткаат и за нашите навики.
К. А. | Црнобело