7 причини зошто некои луѓе никогаш не можат да бидат среќни за другите
Прво и основно, не се среќни за другите затоа што пред сè не се среќни за сопствените животи. Второ, немаат способност да ја видат убавата страна на животот, умот им е негативно поставен и на сè гледаат црно.
Да, во ред е секој од нас да почувствува трошка љубомора кога на некој пријател му оди сè од рака или му се исполнил некој сон за кој одамна мечтаеме и самите ние, но тоа не значи дека не сме среќни за него и неговиот успех.
Сепак, постојат луѓе кои навистина не се радуваат на туѓите успеси и дури кога другите имаат причина на славење, овие сакаат да им го уништат расположението.
Зошто го прават ова?
Прво и основно, не се среќни за другите затоа што пред сè не се среќни за сопствените животи. Немаат самодоверба и чувство на вредност и постојано се споредуваат со другите, па ова води до чувство на ништожност, па до депресија итн.
Тие завидуваат во буквална смисла на зборот. Наместо да се инспирирани од туѓите успеси, во себе имаат бес зошто на другите им се случуваат убави работи.
Немаат способност да ја видат убавата страна на животот, па покрај за себе, тешко им е да бидат среќни и за другите. Умот им е негативно поставен и на сè гледаат црно.
-->
-->
Заплашени се дека тие самите нема да постигнат такви големи успеси. Па, наместо да се среќни за другите, тие се тажни затоа што се чувствуваат мали и немоќни.
-->
Ги презираат другите за постигнувањата, затоа што нивните успеси прават тие самите да го преиспитуваат својот живот, сите погрешни одлуки и да се чувствуваат огорчено.
Среќата на другите не е нешто за кое се грижат и нешто кое може да ги израдува. Тие ниту сакаат да честитаат, ниту се интересираат што им се случува во животот на луѓето околу нив.
Нарцисоидни се, фокусирани само на себе и со тоа неспособни да се радуваат на успесите на саканите личности. Секогаш сакаат светот да се врти околу нив.
Прочитајте и 6 фрази кои ги користат манипулативните луѓе
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот
„Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки?
Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате)
Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...