8 популарни митови за кои многу луѓе се убедени дека се вистина
Веројатно сте слушнале дека „молњата не удира двапати на исто место“, но ова не е воопшто точно – молњата може да удри на исто место не само два, туку многу повеќе пати. Во кои популарни митови верувате вие?
Некогаш митовите се прославуваат поради незнаењето на луѓето – кога не сме запознаени со некоја тема, лесно е да поверуваме во што било ако мислиме дека сме го слушале од експерт.
Некогаш, пак, и самата наука направила грешка. Односно, некои теории за кои сме биле сигурни дека се вистина, по бројни истражувања, се покажале како погрешни.
Осум популарни митови во кои многу луѓе веруваат и денес:
Мит 1: Колку повеќе се потите, толку е поефикасно вежбањето
Постои верување дека со потењето согоруваме калории, а оттаму и митот дека колку повеќе се потиме, толку поефикасно е вежбањето. Но, ова не е точно.
Потењето е како систем за разладување на нашето тело и всушност не согорува значителен број калории. Ако се испотите многу, ќе изгубите повеќе вода од организмот и можеби ќе забележите некоја занемарлива разлика на вагата.
Но, штом ќе го рехидрирате телото, ќе ја вратите и изгубената вода.
Нашето тело согорува калории независно од потењето. На пример, можете да согорите калории додека пливате или вежбате надвор во зима – активности кои генерално не предизвикуваат потење.
Мит 2: Бремените жени треба да јадат за двајца
Сосема нормално е во текот на бременоста да се зголеми апетитот, но воопшто не е точно дека треба да јадете дупло повеќе од претходно.
Во текот на бременоста, на телото му требаат повеќе калории и хранливи материи, но не како за двајца.
Консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви помогне да ги направите соодветните промени во исхраната.
Мит 3: Молњата не удира двапати на исто место
Овој мит се користи за утеха, и не треба да го сфаќате сериозно. Односно, повеќето луѓе ја користат фразата како метафора кога сакаат да му докажат на некој дека кога ќе се случи едно лошо нешто, сигурно нема да се повтори.
Кога станува збор за вистински молњи, тие можат да удрат два, па и повеќепати на исто место, особено ако станува збор за висок и изолиран објект.
На пример, Empire State Building во Њујорк секоја година ја погодуваат околу 25 молњи.
Мит 4: Додека спиеме, голтаме по осум пајаци годишно
Овој мит се прослави ширум целиот свет, и тоа на многу забавен начин, а постојат и неколку разни варијации.
Во некои земји доминира митот дека голтаме осум пајаци годишно, во други – осум пајаци во текот на животот.
Овој мит е измислен со цел да се докаже дека луѓето можат да поверуваат во сешто, без разлика што го прочитале од непроверен извор.
Митот потекнува уште од 1993 година, како дел од колумна со фиктивни факти, претставени како реалност.