8 популарни митови за кои многу луѓе се убедени дека се вистина
Мит 5: Мора да ги истегнете мускулите пред вежбање
Нема докази дека истегнувањето пред вежбање го намалува ризикот од повреди. Всушност, некои студии покажуваат дека истегнувањето ги заморува мускулите, па може да ја намали ефикасноста на вежбањето потоа.
Од друга страна, препорачливо е да ги истегнете мускулите по вежбање. Тогаш сте раздвижени, циркулацијата на крвта е зголемена, па истегнувањето ќе биде поефикасно.
Мит 6: Кај волците има „алфа мажјак“
Според овој мит, во секоја глутница волци има еден мажјак кој е посилен од другите и поради тоа им е лидер. Се верува дека алфа мажјакот се борел за својата положба со другите мажјаци во глутницата.
Сепак, обично кога волкот е лидер на една глутница, тоа е бидејќи се спарил со женка и всушност е лидер на неговите потомци.
Што значи, повеќето глутници ги сочинуваат мајка, татко и нивните потомци. Мајката и таткото се главни од очигледни причини – тие се постари и поискусни и можат да обезбедат храна.
Мит 7: Сите бремени жени имаат потреба од необични комбинации на храна
Постои верување дека буквално сите бремени жени имаат потреба од необични комбинации на храна, а доста популарен е и митот дека сите бремени жени сакаат кисели краставички.
Во реалноста, бременоста може да предизвика желба за одреден вид храна, некогаш и храна која жената никогаш претходно не ја јадела.
Но, овие промени во апетитот се индивидуални и не значи дека им се случуваат на сите бремени жени.
Мит 8: Слабите луѓе се поздрави од оние со вишок килограми
Точно е дека дебелината е поврзана со одредени проблеми со здравјето, но истото може да се каже и за премалата телесна тежина.
Само затоа што имате некој килограм плус или сте слабички, не значи дека ќе имате проблеми со здравјето.
Сечие тело е различно и ако настојувате да се храните здраво и сте физички активни, бројот на килограми нема да одреди дали ќе бидете здрави или не.
Спирова С. | Црнобело