9 работи кои општеството ги нормализира, а се штетни за нас

„Фалење затоа што работите повеќе од 40 часа неделно – или работите премногу затоа што сте неспособни да завршите во работно време или затоа што некој ве искористува и преоптоварува со работа – не е за фалење секако.“

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-normalizira-a-se-shtetni-za-nas-01.jpg

Во денешното општество за нормални се сметаат работи кои навистина не треба.

Ви доаѓа ли нешто на ум?

Луѓе на Reddit споделуваат свои ставови на темата.

Работи кои општеството ги нормализира, а се штетни за нас:

„Потребата секогаш да сме зафатени и да правиме нешто, кога понекогаш единствено што ни е потребно е само да си се одмораме и релаксираме.“

„Недостиг од сон, навика која ни го оштетува телото и умот, повеќе од што мислиме.“

„Обидот да го претвориме секое хоби или наша вештина во бизнис и притисокот од другите луѓе тоа да биде така.“

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-normalizira-a-se-shtetni-za-nas-03.jpg

„Не водење сметка за потребната количина храна, купување премногу и фрлање премногу.“

„Давање телефон на неколку годишно детенце само за да седи мирно за да не нè заморува.“

„Имање деца по секоја цена, само затоа што тоа се очекува, а не затоа што сакаме. Некои луѓе не треба да имаат деца.“

„Постојано одговарање на телефон, пораки, повици и што уште не и тоа во рок од две минути.“

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-normalizira-a-se-shtetni-za-nas-02.jpg

„Фалење затоа што работите повеќе од 40 часа неделно – или работите премногу затоа што сте неспособни да завршите во работно време или затоа што некој ве искористува и преоптоварува со работа – не е за фалење секако.“

„Правење хумани дела само за да се сликате и пофалите со тоа, а не затоа што така чувствувате во душата.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg