Момче од Шведска прикажува снимки од Северна Кореја, иако е забрането: „Владее депресија и како времето да стои“
„Живеат како во ’70-тите, ретко се сретнуваат автомобили, не знаат што се случува во светот“ – ова се дел од импресиите на храбро момче од Шведска кое успева да снима и објави кадри во Северна Кореја, која е земја под диктатура.
Емилио Сепулведа од Шведска е познат на социјалните мрежи по храбрите видеа и фотки кои успева да ги прикачи на своите профили на Тик Ток и Инстаграм, а направени се во Пјонгјанг, Северна Кореја.
Оваа земја е под водство на Ким Џонг Ун и луѓето таму живеат под диктатура која е една од најригорозните во целиот свет.
Ретко кој може да замине оттаму, немаат медиуми и интернет, не возат автомобили, не поседуваат паметни уреди како мобилни телефони и живеат во голема сиромаштија, но и во свој свет.
Емилио е еден од ретките кој наводно успеал да земе дозвола да снима таму, со оглед на забраните да се изнесуваат информации надвор од земјата.
Според него, постојат места кои може да се снимаат од посетители, како некои прослави, но тој таа граница малку ја поместува и пренесува и за други јавни места.
Во видеата тој прикажува како тие се возат со велосипеди, инфраструктурата е онаа како од седумдесеттите и нема ни трага од модерното време. Владее депресија, сивило и времето како да е застанато.
Жителите живеат по принципот како ќе каже нивниот претседател, го гледаат како Бог и му се поклонуваат на различни манифестации.
Сепак, има некои следбеници кои не му веруваат дека тој навистина ја прикажува реалната слика од земјата и тврдат дека ги презема материјалите од Интернет.
„Брат, овие слики ги има на Гугл, хаха, овој тип нé залажува“ – гласи еден од коментарите, на што тој одговара со фотка на која е фотографиран покрај статуите на владетелите на земјата и всушност докажува дека тој е авторот на материјалите.
Во продолжение погледнете дел од видеата:
@emiliosepulveda94 Small video from streets of Pyongyang.. u wanna live here? ? #dictator #korea #ukraine #war #poland #putin ♬ Sky Aesthetic - Tollan Kim
@emiliosepulveda94 ??Streets of North-Korea, so much propaganda ???❗️
♬ Whistle (Hye) - North Korean Archives
@emiliosepulveda94 We had a dinner in North Korea and then suddenly it’s was a concert ???#kpop #northkorea #korea #music #usa ♬ originalljud - Emilio Sepulveda
М. Л. | Црнобело