10 современи скулптури
Листа од 10 восхитувачки современи скулптури. Во нив се опфатени актуелни теми како глобалната економска криза, глобализацијата, поп икони...
1. Black Whole Conference - изработена од 72 столици во 2006 од Мајкл Де Броин. Била дел од изложбата “Ништо не е изгубено, Ништо не е создадено, Се е трансформирано“ во Музејот на уметност во Монтреал
2. Sound Wave - изработена од топени винилни плочи во 2007 од кореанскиот уметник Џин Шин. Скулптурата била дел од изложбата “Втор живот: Промена на секојдневното“
3. Controller of the Universe - безброј алатки распрскани во воздухот. Изработена во 2007 од скулпторот Дамјан Ортега. Била дел од изложбата “Тоа беше тогаш...Ова е сега“ во П.С. Центар за Современа Уметност
4. Economy - скулптура од мраз која се топи. Со цел да го симболизираат денешниот пад на економијата, Нора Лигорано и Маршал Рис ја изработиле оваа “ледена“ скулптура од зборот Економија и ја поставиле во Менхетен. Поставена е на 29 Октомври на 79 годишнината од падот на берзата и Големата депресија од 1929.
5. Reach for Light - цвет изработен од скејтборди, Тед Хантер. Дизајнот на “ливчињата“ е од вистински лалиња. Била прикажана во 2005 во Филаделфија.
6. Jones' Book Sculptures - изработена од стари книги. Австралискиот уметник Николас Џонсги претвора старите книги во уметност. Користи книги од Универзитетската библиотека во Мелбурн и успева секое ливче да го трансформира во вистинско парче уметност.
7. On Gold Mountain - поглед на градот Сан Франциско. Изработена од Зен Ванг користејќи челик кој не ’рѓосува, тавчиња и тенџериња и сребрени парчиња.
8. Very Hungry God - изработена од 1000 килограми кујнски садови во 2006 година од Судоб Гупта. Денес е изложена во паркот Риџент во Лондон.
9. Hellraiser’s Pinhead - фантастична скулптура изработена од песок. Изработена од Латвијката Хелена Бангерт во 2004 година.
10. Elvis - скулптура изработена од 50.000 шкорчиња, Дејвид Меч - Шкотски скулптор.