7 работи за кои нè караа нашите баби – што е навистина така, а што мит?
Мит 5: Ако на земја ви падне храна и веднаш ја земете, можете да ја изедете
Овој мит потекнува од верувањето дека на бактериите од земјата им треба време да се „закачат“ за храната.
Но, во реалноста, бактериите и другите нечистотии се закачуваат на храната во истиот момент кога таа ќе падне.
Па, не ризикувајте и ако нешто ви падне на земјата, најдобро е да го фрлите.
Мит 6: Читањето со слабо светло го оштетува видот
Нема научен доказ дека читањето со слабо светло предизвикува долготрајно оштетување на очите.
Но, јасно е од каде потекнува ова верување – кога читаме со послабо светло, на очите им е потешко да фокусираат и ова може да ги замори. Покрај тоа, со послабо светло трепнуваме поретко и може да се појави сувост на очите.
И заморот и сувоста поминуваат за релативно брзо време и не предизвикуваат никаква трајна штета на очите.
Мит 7: „Пукањето“ на прстите предизвикува артритис
Ни за ова верување нема научен доказ дека е точно.
Направени се повеќе истражувања кои покажале дека луѓето кои ги „пукале“ прстите целиот живот не се изложени на поглем ризик од појава на артритис.
Сепак, постојат други причини зошто е добро да се ослободите од оваа навика. Најпрво, сосема возможно е да се повредите.
Покрај тоа, хроничното пукање на прстите може да го ослаби зафатот на вашите дланки.
Спирова С. | Црнобело