Апел на шанкер до клиентите: „Правите некои ужасни работи кај мене во локал - кои се тие?“

„Размислете што ќе пиете бидејќи шанкерот не може да ве чека додека да се одлучите, особено ако локалот е полн. Уште полошо ако застанете на шанкот и почнете да ги прашувате и пријателите еден по еден што сакаат да пијат“, се жали шанкерот Дејвид Фуентес од САД.

apel-na-shanker-do-klientite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-lokal-koi-se-tie-01.jpg

Дејвид Фуентес од САД работи како шанкер повеќе од десет години, па досега ги воочил сите грешки што ги прават гостите во локалите и решил да ги сподели со Insider.

Иако овие грешки се ненамерни, неретко им ја отежнуваат работата на бармените, а некогаш и барањата на гостите се нереални.

Кои се грешките што треба да ги избегнуваме?

Се однесувате лошо кога сакате да го привлечете вниманието на шанкер

Според Дејвид, најлошото нешто што го прават луѓето е кога мавтаат со парите во рака пробувајќи да му го привлечат вниманието на шанкерот.

Уште полошо е и кога викаат на глас, а гледаат дека тој е зафатен со друга личност.

Дејвид истакнува дека доволно е да застанете на шанкот без пијачка (или со празна чаша) за барменот да сфати дека сакате да нарачате.

Ако сте сигурни дека барменот не ве забележал, тогаш почекајте да се сврти кон вас, погледнете го во очи и со насмевка кажете му дека ви треба пијачка.

najloshite-raboti-shto-gi-pravime-koga-sme-vo-bar-spored-barmen-so-10-godishno-iskustvo-02.jpg

Застанувате на шанкот, а не знаете што сакате

Дејвид советува однапред да размислите што ќе пиете бидејќи барменот не може да ве чека додека да се одлучите, особено ако локалот е полн.

Уште полошо ако застанете на шанкот и почнете да ги прашувате и пријателите еден по еден што сакаат да пијат.

najloshite-raboti-shto-gi-pravime-koga-sme-vo-bar-spored-barmen-so-10-godishno-iskustvo-03.jpg

Флертувате со него

Барменот е на работа и веројатно не му е дојдено до флертување. Ако сепак му се допаѓате, Дејвид вели дека тоа ќе биде очигледно.

Па, ако забележите дека барменот не ви возвраќа на флертувањето, престанете.

najloshite-raboti-shto-gi-pravime-koga-sme-vo-bar-spored-barmen-so-10-godishno-iskustvo-04.jpg

Му велите на барменот да ја смени музиката

Барменот не е одговорен за музиката во локалот, па не можете од него да барате да ја смени песната.

najloshite-raboti-shto-gi-pravime-koga-sme-vo-bar-spored-barmen-so-10-godishno-iskustvo-05.jpg

Уште четири грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg