Жртвување животни, разговарање со божества - како изгледа една вуду церемонија (и од каде потекнува оваа религија)?

Спротивно на популарното мислење, вуду не е форма на вештерство или демонско обожување. Тоа е народна религија која потекнува од африкански земји како Нигерија и Того. Религијата се проширила во Америка поради робовите од Африка, каде што се судрила со католицизмот и еволуирала во понови форми на вуду.

kukli-i-crna-magija-e-ona-shto-go-povrzuvame-so-vudu-no-koe-e-vistinskoto-poteklo-na-ovoj-religiozen-kult-01.png

Оваа мала религија има големо културно влијание, но дефинитивно лоша репутација.

Непријателската пропаганда ја претвори вуду религијата во форма на вештерство, а денешните практиканти сè уште се принудени да се натпреваруваат со постојаната недоверба во нивните традиции.

Од каде потекнува вуду?

Африканските корени на вуду се стари над 6.000 години, што ја прави една од најстарите традиции во светот. Вуду, сепак, е динамична религија без стандардизирана догма.

Религијата му оддава почит на врховниот бог-творец кој се смета за премногу далечен за директно да се допре.

Обожавателите ги почитуваат посредничките духови, како што се боговите на народот Јоруба кои живеат во денешна Нигерија, Бенин и Тогo.

Виду се практикува креативно, а не прописно. Сосема е вообичаено и сосема прифатливо два соседни вуду храма да практикуваат различни традиции. 

kukli-i-crna-magija-e-ona-shto-go-povrzuvame-so-vudu-no-koe-e-vistinskoto-poteklo-na-ovoj-religiozen-kult-02.png

Како изгледа една вуду церемонија?

Како што спомнавме, традициите, а со тоа и церемониите можат да се разликуваат од едно до друго место, но ние ќе пробаме да опишеме една церемонија.

За време на вуду церемониите, верниците се собираат на отворено за да остварат контакт со Лоа, кој бил пантеонот на духови кои имаат различни функции кои управуваат со универзумот - слично како Олимп кај грчките богови.

Исто така, традиција е и да се погрижат за саканите семејни духови и да му оддадат чест на главниот бог - Бондје.

kukli-i-crna-magija-e-ona-shto-go-povrzuvame-so-vudu-no-koe-e-vistinskoto-poteklo-na-ovoj-religiozen-kult-03.png

Така, хунган или мамбо (свештеник или свештеничка), жртвуваат осветена кокошка или друго животно на Лоа. Верниците потоа ги прашуваат духовите за совет или помош за проблеми.

Се вели дека Лоа понекогаш пренесува пророштва, совети или предупредувања дека верникот е опседнат. Други пораки се испраќаат преку свештеникот или свештеничката, или понекогаш доаѓаат подоцна во соништата.

Се верува дека овие духови стануваат уморни и се потпираат на луѓето да ги „хранат“ преку жртвување на животните или, како што тие веруваат, жртвувањето е трансфер на животната енергија назад во Лоа.

Секој од духовите има посебен идентитет. Некои се пријателски настроени и добри, додека други се каприциозни или бараат многу. Верниците веруваат дека Лоа најчесто го изразува своето незадоволство со тоа што им праќа болести на луѓето.

Се смета дека многу од духовите личат на христијански светци, обдарени со слични одговорности или атрибути.

На пример, Легба се вели дека ги отвора портите меѓу Земјата и светот на Лоа, слично како што Свети Петар ги отвора ширум портите кон рајот.

Но, постојат разлики. На пример, западњаците имаат тенденција да веруваат во слободна волја и личен избор, а тоа во Вуду не постои.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg