3 напитоци за постудени денови

3-napitoci za postudeni denovi-povekjeВо домашна атмосфера направете вкусно топло чоколадо, кое со додаток на разни ароми, ќе има автентичен „шмек“. По напорниот ден ова ќе...


...биде вистинско освежување.

3-napitoci za postudeni denovi-1

Кралски коктел

Потребни состојки:

  • За овошното желе 500ml вода, 250–300g одмрзнати малини или боровинки. 3 листа желатин.
  • За топлото чоколадо: 200g чоколадо за готвење, 300ml блага павлака, 2 листа желатин.
  • За послужување 1 шампањ.

Подготовка:

Измешајте ја водата со шеќерот и заедно варете ги на тивок оган 15-20 минути. Потоа сирупот тргнете го од оган па измешајте го овошјето и целата смеса изладете ја. Листовите желатин потопете ги во студена вода и оставете ги да стојат 5 минути. Потопениот желатин добро исцедете го и измешајте го во сеуште топлиот овошен сируп. Оваа смеса распоредете ја во чаши за десерт.

Чашите со желето ставете ги во фрижидер. За чоколадниот прелив најпрвин на пареа стопете го чоколадото. Половина од благата павлака загрејте ја до вриење, додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. Желатинот ставете го во студена вода и нека стои така 5 минути. Добро исцедете го и измешајте го со топлото чоколадо. Изладете ја смесата. Преостанатата блага павлака изматете ја во цврст шлаг и лесно измешајте ја со чоколадото.

Во чашата со желе која ја извадивте од фрижидер ставете од чоколадото и повторно вратете во фрижидер да постои уште еден час. Пред послужување во секоја чаша ставете околу 100ml шампањ, а одозгора ставете од изматената блага павлака.

3-napitoci za postudeni denovi-2

Ароматично чоколадо

Потребни состојки:

  • 800ml млеко, врзоп нане, 200g горчливо чоколадо.

Подготовка:

Млекото ставете го да зоврие, додајте го нането и оставете го да стои еден час. Потоа исцедете го млекото, додајте изрендано горчливо чоколадо и измешајте. Разлијте го во чаши или шолји и украсете со шлаг. Мирисот на овој пијалак е поинтензивен ако додадете коцка мраз.

3-napitoci za postudeni denovi-3

Господски пијалак

Потребни состојки:

  • 250g чоколадо во прав, 150g шлаг во прав, 5 лажици инстант кафе, половина кесичка цимет, четвртина кесичка рендано мускатно оревче, 1,5 l жешка вода.

Подготовка:

Измешајте го чоколадото, шлагот, инстант кафето, циметот и мускатниот орев. Во секоја шолја ставете по три лажичиња од смесата и прелијте со 150 ml жешка вода. Смесата можете да ја подготвите и порано, а по желба можете да и додадете и малку чили во прав.

 

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Што да однесете како подарок на слава? Во ек се куќните слави – веројатно едни од најубавите поводи за да се видите со ...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Клонирана ласица роди бебиња, за првпат во историјата - Дали ова е спас за загрозените видови? Што мислите за тоа клонирањето да се користи како алатка за зачувување на биодив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg