Страв од туѓ допир, независност од рана возраст: Суптилни знаци кои покажуваат дека некој можеби имал трауматично детство

„Мислат дека сами треба да се справуваат со сите проблеми за да не им ’досадуваат‘ на другите. Имаат и проблеми со доверба“.

strav-od-tugj-dopir-nezavisnost-od-rana-vozrast-suptilni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-mozhebi-imal-traumatichno-detstvo-01.jpg

За многумина, детството е еден од најсреќните периоди во животот.

За жал, има и луѓе за кои детството е можеби најтрауматичниот период од нивниот живот.

А, траумите од толку рана возраст имаат влијание и многу години подоцна.

Кои се суптилните знаци кои покажуваат дека некој можеби имал тешко детство, според корисници на Редит?

„Многу се независни. Научиле дека не можат да веруваат на никого и дека мораат сами да прават сè“.

„Кога ќе се најдат во тензична ситуација, се движат и дишат многу тивко, стануваат многу свесни за постапките на сите околу нив. Исто така, многу добро можат да ги прочитаат другите, но сепак имаат погрешна перцепција за нивните блиски луѓе“.

„Стравот од туѓ допир дефинтивно спаѓа овде“.

strav-od-tugj-dopir-nezavisnost-od-rana-vozrast-suptilni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-mozhebi-imal-traumatichno-detstvo-03.jpg

„Или се изолираат или имаат лоши пријатели и токсични врски. Злоупотребуваат наркотици, имаат ниска самодоверба и потребно им е туѓото признание“.

„Мислат дека сами треба да се справуваат со сите проблеми за да не им ’досадуваат‘ на другите. Имаат и проблеми со доверба“.

„Изгледаат ’многу зрело‘ за нивна возраст“.

„Се извинуваат од навика, импулсивно, за буквално сè. Дури и кога не се виновни“.

strav-od-tugj-dopir-nezavisnost-od-rana-vozrast-suptilni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-mozhebi-imal-traumatichno-detstvo-04.jpg

„Смирени се во стресни ситуации. Поради тоа што морав да се справувам со многу стресни ситуации, сега се однесувам вака“.

„Се движат многу тивко, како да им е страв дека некој ќе ги чуе или виде“.

„Секогаш имаат одбранбен став. Ако се однесувате вака, дури и за ситници, најверојатно сте пораснале во околина каде што не ви било дозволено да направите никаква грешка“.

strav-od-tugj-dopir-nezavisnost-od-rana-vozrast-suptilni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-mozhebi-imal-traumatichno-detstvo-05.jpg

„Не се мотивирани, нервозни се кога пробуваат нешто ново, не можат да прифатат комплименти, немаат сеќавања од детството, особено не среќни, и постојано зборуваат лошо за себе“.

„Имав тешко детство. Сега кога некој е многу тивок или не зборува постојано со мене, станувам нервозна и мислам дека ми се лути“.

„Ретко споделуваат што се случува во нивниот дом или никогаш не зборуваат за нивното семејство“.

„Не можат да ги гледаат другите во очи“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg