Луѓе споделуваат работи кои се сосема нормални во нивните земји, но нам ни изгледаат лудо

„Во рурална Ирска е сосема нормално да видите деца на 12-14 години како возат трактори по автопат. Според законот, треба да имаат барем 16 години, но на повеќето фармери не им е гајле“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-01.jpg

Навистина е неверојатно колку се разликува начинот на живот од една до друга земја.

Некои работи што нам ни се секојдневие, веројатно би запрепастиле многу луѓе од некоја друга држава.

Важи и обратното – она што е нормално во некои држави, нам може да ни изгледа мошне чудно.

За Редит, неколку луѓе споделуваат што е нормално во нивните земји, но им изгледа чудно на луѓе од други држави:

„Во Германија, легално можете да купите вино и пиво на 16 години. Па, на повеќето родители не им е проблем ако нивното дете првпат проба алкохол на 14 години. Всушност овде е тешко да најдете тинејџер кој никогаш во животот не пробал алкохол“.

„Живеам во близина на природен резерват во Јужна Африка. Не е ништо чудно да слушнеме мајмуни во нашиот двор или да забележиме носорог на 10-тина метри од нашата оградата. Еднаш цела група мајмуни скокаа на нашиот покрив“.

„Во австралиските рурални области, задните врати од домовите секогаш ни беа отклучени. Пријателите можеа да си влезат и да си направат чај или кафе додека нè чекаа да завршиме ако сме имале некоја обврска“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-02.jpg

„Во Шведска владата има монопол на секој алкохол над 3,5% и може да се купи само од продавници одредени за тоа“.

„Во Финска, кога почнуваме да одиме на факултет, во првата недела се запознаваме со колегите, а потоа заедно одиме во сауна“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-03.jpg

„Во Тасманија имаме четири годишни времиња секој ден – облечи го палтото, па соблечи го, сончево е, па има дожд. Потоа е многу студено и ветровито, па повторно е многу топло. Најчесто носам комбинација од кратки панталони и зимска јакна за најекстремните денови“.

„Во Романија, има професија вештерка или медиум. За да го работите ова, потребна ви е дозвола за работа, а ќе плаќате и данок“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-04.jpg

„Живеам во Флорида во област со многу мочуришта, па е сосема нормално да налетам на алигатори околу базените или на паркинзите. Се имам сопнато од алигатор многупати. За среќа, навистина се мирни и нема да ве задеваат освен ако не ги задевате вие. Полицајците се дури обучени да се справуваат со алигатор“.

„Во рурална Ирска е сосема нормално да видите деца на 12-14 години како возат трактори по автопат. Според законот, треба да имаат барем 16 години, но на повеќето фармери не им е гајле“.

„Живеам во Израел и овде е нормално околу 15% од населението да не работи, но да добива пари од владата бидејќи се моли на Бог, бидејќи и тоа било важно“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-05.jpg

„Во Мадагаскар, понекогаш ги откопуваме труповите на нашите сакани и ги носиме во селото каде што живееле, како на посета. Им ги менуваме чаршафите во коишто се замотани, па ги враќаме во гробот и правиме забава“.

„Во Германија јадеме живо мелено месо врз парче леб“.

lugje-spodeluvaat-raboti-koi-se-sosema-normalni-vo-nivnite-zemji-no-nam-ni-izgledaat-ludi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg