13 бон-тон правила за однесување во театар (кои ги почитува секоја културна личност)
Не окупирајте туѓи седишта, дури и ако тие се празни, можно е некој да купил билет, а да доцни и кога ќе дојде да има непријатна ситуација среде претстава да се префрлате и да правите врева.
Имате ли навика да одите во театар? Дури и да сте вљубеник во оваа уметност, сигурно не одите секој ден и тоа е специјална пригода.
Па, за да ѝ одадете почит на оваа институција и уметниците во неа, мора да се држите до одредени бон-тон правила.
Бон-тон правила за во театар:
- Денес не постојат строги правила како некогаш мажите да носат одело, а жените коктел фустани, но сепак убаво е да сте дотерани за на театар, а не облечени како за на трчање – на тој начин ќе покажете почит кон оваа институција.
- Во ред е да ставите парфем, но умерено, затоа што седиштата се многу блиску едно до друго и може силниот мирис да им пречи на тие до вас.
- Културно е да пристигнете барем 20 минути пред започнување на претставата за навреме да си го пронајдете седиштето.
- Ако седиштата ви се на средина од редот, тогаш најверојатно покрај вас ќе поминуваат луѓе додека трае сместувањето, па во оваа ситуација културно е да ги стиснете колената и свртите настрана најмногу што можете.
- Ако некој седи на вашето седиште, прво извадете го билетот и проверете што пишува, да видите да не грешите вие, а ако не грешите, тогаш не правете скандал, туку културно замолете ја личноста да се премести.
- Не окупирајте туѓи седишта, дури и тие да се празни, можно е некој да купил билет, а да доцни и кога ќе дојде да има непријатна ситуација среде претстава да се префрлате и да правите врева.
- Доколку има гардеробер, задолжително оставете го капутот, мантилот или чадорот, кои ги носите со вас, просторот е навистина ограничен и нема потреба да им пречат на другите.