Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога некој има рак, не сите остануваат околу него: Нова серија на Нетфликс која го покажува влијанието на болеста врз животот

Најновата драма на Нетфликс „Од нула“ е претставена како емотивен шок за гледачите. Тоа е серија која ве тера да размислите за животот, за малите нешта, за вистините по кои плачете. Од убавината на Италија, ве тера и веднаш да резервирате лет за Италија. Љубовната приказна за Ејми и Лино не е само љубовна приказна. Тоа е една сурова вистина низ која поминуваат многу парови. Луѓе кои се допрени од болеста наречена рак.

koga-nekoj-ima-rak-ne-site-ostanuvaat-okolu-nego-nova-serija-na-netfliks-koja-go-pokazhuva-vlijanieto-na-bolesta-vrz-zhivotot-01.jpg

„Од нула“ (From Scratch) е серија направена според истоимените мемоари на Темби Лок, и ја раскажува емотивната приказна за американската студентка Ејми (ја игра Зои Салдана) која патува во Фиренца, каде што се заљубува во сицилијански готвач по име Лино (Еугенио Мастрандреа).

Серијата во целост ја истражува нивната љубовна приказна која опфаќа сенешто. Но, моментот кога Лино ќе се разболи, нивните две семејства прават сѐ за да им помогнат низ овој тежок период.

Od-nula-serija-od-koja-ne-mozheme-da-prestaneme-da-placheme-03.jpg

Ракот не е лесна тема за приказна. Било тоа да е книга, или филм. Опфаќа делови кои луѓето нечесто сакаат да ги читаат и истражуваат. Тоа е една сурова (и сирова) вистина која, за жал, го окупира целото постоење на семејството кое поминува низ тоа.

Како некој кој ја има победено таа болест, и кој уште се бори со сите несакани ефекти од хемотерапијата, не можев а да не ја восприемам оваа серија длабоко и на еден посебен начин. Мислам дека откако ја изгледав не сум ист, како што и не се сите кои ја изгледале.

Секоја епизода е посебен удар. Некаде болен, некаде тажен, некаде вистински, некаде љубовен.

Но, секој удар ме потсетуваше на патот по кој и јас бев изодил. И колку сум благодарен што сум уште жив.

Od-nula-serija-od-koja-ne-mozheme-da-prestaneme-da-placheme-04.jpg

„Од нула“ е серија која покажува како ракот влијае на семејството, среќата, љубовта, финансиите, животот. Како кога некој има рак, не сите остануваат околу него. Се одделува каколот од цвеќињата.

Како е важно преку овие искуства, да се заплашиме, и да се заштитиме повеќе. Иако секој момент од секоја епизода поттикнува солзи и болка, серијата е добар водич, учител, искуство.

https://www.youtube.com/watch?v=vBHKSQ4MrJE&ab_channel=Netflix

Серијата може да ве научи на многу нешта. Топло ја препорачувам на сите.

Кирил Ангелов| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg