Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ноќен клуб ги исфрла гостите кои зјапаат во други посетители – потег за пофалба или претерано чепкање по приватноста?

Австралиски ноќен клуб наречен „Клуб 77“ во Сиднеј преку Инстаграм објави дека ќе го избрка секој посетител – гостин кој зјапа во друго лице без заемна „вербална согласност“.

Nokjen-klub-gi-isfrla-gostite-koi-zjapaat-vo-drugi-posetiteli-poteg-za-pofalba-ili-chepkanje-po-privatnosta 01 630x330.jpg

Kлубот ги објави новите правила во објава на Инстаграм, со цел да го направи местото побезбедно.

Во продолжение дел од објавата:

„Создавањето безбеден простор оди подалеку од праксата за справување со инциденти откако ќе се случат. Исто така, имаме обврска да ги едуцираме новите посетители на клубот и да им помогнеме да разберат што се смета за неприфатливо однесување, внатре во местото и на подиумот.

Како ноќен клуб, ве охрабруваме да комуницирате со странци, но секој контакт МОРА да започне со усна согласност Ова важи и ако, на пример, гледате во некого оддалеку. Ако вниманието што го посветувате некому е несакано, тоа се смета за вознемирување.

Секоја вечер, еден од нашите чувари во клубот ќе биде назначен за „Службеник за безбедност“ и ќе биде препознатлив по розовиот елек. Тој ќе биде обучен да се справи со поплаки и проблеми. Ако ве вознемирува друго лице или добивате несакано внимание, побарајте го или веднаш кажете му на нашиот персонал.

Доколку добиеме пријави за какво било однесување што предизвикало некој да се чувствува непријатно, пријавениот ќе биде отстранет од местото и ќе биде повикана полиција.

Ова го правиме за сите да се чувствуваат безбедно и да се осигураме дека на нашите посетители им е удобно да му пристапат на персоналот, доколку нешто направило да се почувствуваат непријатно или небезбедно“.

Објавата доби многу позитивни коментари од следбениците, кои се заблагодаруваа на грижата и на посветеноста, а особено на тоа што се грижат за безбедноста на посетителите.

„Благодарам што ја зголемивте безбедноста“, „Особено ми се допаѓа идејата за службеник“ – се дел од коментарите под објавата.

Што мислите: Дали нивната грижа е основана и е за пофалба, или пак можеби станува збор за претерано „нуркање“ во приватноста на посетителите?!

Би функционирало ли ова кај нас?

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg