12 коментари од „ретро“ тетките од (македонско) маало

„Минич си облекла? Знаеш ли колку години имаш ти?“ „Мажот смее да гледа жени, тебе не ти личи да коментираш мажи!“ „Доста само на шетање мислиш, земи раѓај деца!“... Ви звучи познато?

12-komentari-od-retro-tetkite-od-makedonsko-maalo-01.jpg

За жал, на дел од луѓето во Македонија навика им е да се занимаваат со туѓи животи.

Кога нешто не им е во калапот за нивен начин на живеење, тогаш тоа го гледаат како погрешно и го коментираат.

Лошо и бескорисно хоби, зарем не?

Ако некој многу е релаксиран, ужива во животот и среќен е, тогаш сигурно нешто не чини... Мора да му кажат они како треба!

Коментари на „ретро“ тетките од маало:

„Ааа печена си да бидеш мајка, време ти е!“

„Доста работиш, мажот ќе ти избега, обрни му внимание“

„Леле, ќе шеташ до толку касно? Мажена си ти, како така?“

„Фати пајажината, исчисти малку, што ќе кажат гостите?“

„Леле, пак купечка храна, земи зготви нешто.“

„Детето ќе го разболиш, само шетате по ладното.“

„Не си го земала презимето на мажот? Па, имаш ли ти почит кон него?“

„Мажот смее да гледа жени, тебе не ти личи да коментираш мажи!“

„Во брак си сега, ќе си седиш дома, ќе си гледаш телевизија, што очекуваш ти од животот?“

„Доста само на шетање мислиш, земи раѓај деца!“

„Леле, пак трошиш пари? Стави нешто на страна, лоши времиња доаѓаат.“

„Минич си облекла? Знаеш ли колку години имаш ти?“

Би ја надополниле ли листата со уште нешто?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg