Топ 5 најнекултурни работи кои можете да ги направите во ресторан и да бидете Џејмс Корден (а не треба)

Јавете се ако доцните или откажувате резервација, не коментирајте агресивно кога ќе ви ја погрешат нарачката (туку смирено посочете) и уште неколку совети како да не бидете Џејмс Корден – водителот и комичар, кој доби забрана за пристап во ресторан во Њујорк поради некултура и дрскост.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-01.jpg

Во светските медиуми хит е приказната за Џејмс Корден кој јавно му се извини на сопственик на популарен ресторан во Њујорк, откако тој одлучил на водителот и комичар да му забрани влез во неговиот ресторан, затоа што цели 25 години се однесувал некултурно и му го малтретирал персоналот.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-02.jpg

Сепак, многумина на Твитер се шегуваат дека тој воопшто немало да му се извини, ако приказната не завршеше во медиумите. Како и да е, потегот што барем се извинил е за пофалба.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-04.jpg

Воопшто нема да навлегуваме во тоа, само ќе ви пренесеме кусо упатство како да не бидете иритантни за персоналот во рестораните како што е Џејмс Корден, а тоа е од искуство на Антоан Мелон, поранешен вработен во угостителскиот сектор.

Тој открива кои се најнекултурните работи можете да ги направите во ресторан (a не треба):

Агресивна комуникација

Ако има каков било проблем, комуницирајте, но смирено. Без разлика дали ви ја погрешиле нарачката или пијалакот, љубезно кажете ја вашата забелешка на келнерот, наместо да сеете фрустрација и да им го расипете престојот во ресторанот и на другите гости.

Келнерот со задоволство ќе го поправи погрешеното.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-05.jpg

Не информирате дека ќе задоцните, а имате резервација од одреден тајминг

Рестораните треба да се справат со многу посетители и нормално е што сакаат да се добро организирани за посетителите да се задоволни, но и тие да направат максимум профит.

Па, во сечиј интерес е да известите доколку задоцните. Убаво е да се почитува направената резервација.

Уште повеќе треба да почитувате да се јавите ако комплетно ја откажувате резервацијата, поради неодложни обврски.

Постојано повикање на келнерот

Да, тој е тука за вас и работа му е да ве услужи. Но, прво убаво договорете се на масата, па викнете го за да направите нарачка.

Не го враќајте 5 пати за 5 пијалаци, бидете посинхронизирани и ценете го неговото време, нерви и фактот што цел ден е на нозе и оди наваму натаму.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-08.jpg

Викање по келнерот „Еј, дојди...“

Во ред е ако сте фрустрирани што келнерот не ве гледа додека му мавтате, но имајте малку трпение и не им го расипувајте престојот и на луѓето околу вас.

Нема потреба од некултура и немање манири. Додека е среде нарачка на друга маса, келнерот не може да гледа кон вас, зошто да внесувате непотребно тензија?

Не се шегувајте гласно на сметка на тоа колку е празен ресторанот

Забелешките дека ресторанот е празен, скап или други забелешки од каков било тип зачувајте ги за себе или кажете си ги тивко со пријателите и не одете повторно во тој ресторан, наместо да внесувате непријатност кај персоналот со коментирање и смеење на глас.

top-5-najnekulturni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-vo-restoran-i-da-bidete-djejms-korden-a-ne-treba-07.jpg

Прочитајте и 10 бон-тон правила со кои ќе изгледате отмено и ќе оставите добар впечаток

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg