Едноставни (и реалистични) цели кои можете да ги реализирате до крајот на 2022 година

Не ја чекајте новата година за да почнете да се храните здраво или да вежбате - почнете уште сега и до крајот на декември ќе имате воспоставено цела рутина што лесно ќе ја продолжите во 2023-та. 

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-01.jpg

Ако сте како повеќето, сигурно сте ја почнале 2022 година со цела листа цели.

Веројатно и сте почнале да работите на некои од нив, но за месец-два сте кренале раце од повеќето. Сега, пак, можеби подготвувате нова листа со цели за 2023 година.

Но, пред да почнете да размислувате за следната година, не заборавајте дека уште има време да го извлечете најдобро од тековната.

Уште има време да се посветите на некои помали (и пореалистични) цели пред крајот на овој декември.

Седум едноставни и реалистични цели кои имате време да ги реализирате до крајот на годината:

Почнете да се грижите за здравјето

Не ја чекајте новата година за да почнете да се храните здраво и да бидете физички поактивни.

Дотогаш има скоро три месеци, а ова е доволно време да воспоставите рутина.

Уште сега почнете да се храните поздраво, почнете да вежбате и ќе ја дочекате новата година пофит и поздрави.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-02.jpg

Средете ги финансиите и почнете да штедите

Факт е дека во периодот околу Нова година сите трошиме многу повеќе пари и од обично, и од планираното.

Па, почнете уште сега да тргате по некој денар настрана и навреме подгответе се за големите трошоци што следуваат.

За да не си го оштетите буџетот, пробајте и да престанете да трошите на неважни работи и воспоставете поголема контрола.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-03.jpg

Средете си го гардероберот

Облеката што не сте ја облекле повеќе од две сезони и облеката што дури сте заборавиле дека ја имате, само ви зафаќа простор.

Па, соберете ја и донирајте ја или подарете ја некому.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-04.jpg

Ослободете се од токсичните „пријатели“

Ќе си направите огромна услуга ако од вашиот живот ги отстраните луѓето кои ве омаловажуваат, ве критикуваат и, генерално, само ви штетат.

Личноста што не ве почитува не го заслужува ни вашето време, ни вашето внимание.

Опкружете се со луѓето кои вистински ве сакаат и ценат, а во новата година држете се настрана од сите кои ви штетат.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-05.jpg

Направете нешто за вашите сакани

Не ја чекајте празничната сезона за да ги израдувате вашите сакани.

Нема потреба да трошите богатство – дури и најмалиот гест, и најмалиот подарок ќе им покаже дека сте помислиле на нив и ќе им го разубави денот.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-06.jpg

Прочитајте две-три книги

Многу луѓе си поставуваат цел во новата година да читаат повеќе. Неретко си замислуваат и нереална бројка која е практично невозможно да се достигне кога ќе се земат предвид секојдневните обврски.

Ако и вие си поставивте ваква и цел и не ја исполнивте, до крајот на годината сепак имате време да прочитате барем две книги.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-07.jpg

Поставете си нови цели

И, на крај, направете си листа со цели за новата 2023 година.

Но, овојпат пробајте да бидете реалистични.

ednostavni-i-realistichni-celi-koi-mozhete-da-gi-realizirate-do-krajot-na-2022-godina-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg