Совети за онлајн купување со кои ќе заштедите, но и ќе се заштитите од лаги и измами
На сајтови како AliExpress, побарајте опција со бесплатна достава и секогаш читајте ги коментарите од другите купувачи за да не бидете непријатно изненадени кога ќе ја добиете нарачката.
Онлајн продавниците се генијален изум и значително го олеснуваат купувањето на многу работи.
Покрај тоа, ако знаете некои трикови, можете да добиете одредени продукти по многу пониска цена.
Но, кога купувате онлајн не треба да заборавите и на вашата безбедност. Односно, мора да бидете свесни за потенцијалните лаги и измами кои можат да ви нанесат голема штета.
Неколку совети за онлајн купување кои ќе ви помогнат во сето ова:
Купете повеќе примероци кога има попуст
Ако редовно користите некој продукт што го купувате онлајн, кога ќе забележите дека е на попуст, купете 2-3 примерока, па и повеќе ако имате доволно средства.
Барајте опција со бесплатна достава
Ако имате порачувано од сајтови како AliExpress, сигурно имате забележано дека за некои продукти доставата е бесплатна.
Ако најдете продукт што ви се допаѓа, но треба да платите и достава, пробајте да го најдете истиот продукт од друг продавач без или со пониска цена за достава.
Конкретно на AliЕxpress, речиси секогаш можете да најдете опција без достава.
Претплатете се за мејлови за попусти
Бројни онлајн продавници нудат можност да се претплатите за да добивате информации за попустите.
Ако често купувате од одреден сајт, оваа опција може да ви биде од огромна корист.
Ставете продукт во кошничката, но не го купувајте
Некои онлајн продавници даваат попуст кога ќе забележат дека имате производи во кошничката, но уште не сте ги нарачале.
Некои, пак, испраќаат известување кога некој продукт од кошничката е на попуст.
Па, ставајте ги продуктите во кошничката и само чекајте да се спушти цената.
За авионски карти и хотели користете Incognito Mode
Кога отворате некој веб-сајт, тој зачувува мали информации од вашиот компјутер преку таканаречените колачиња (cookies).
Овие колачиња не се опасни и само му кажуваат на сајтот дека сте го посетиле и претходно.
Но, кога станува збор за купување авионски билети, сајтови на хотели и слични услуги чија цена се менува непредвидливо, некои веб-сајтови ја користат информацијата дека ги посетувате по втор или третпат, па автоматски ви покажуваат повисоки цени.
Ако користите Incognito Mode, сајтот нема да ги зачува колачињата, што значи нема да видите повисока цената без разлика колку пати ќе го отворите сајтот.