Ако сте фини - помала плата
Сте чуле за изреката „Добриот и будалиот се родени браќа“ ? Ако не сте биле сигурни дали е точна, едно истражување на угледни американски...
...и канадски универзитети покажала дека ако сте љубезни, пријатни и срдечни на работа, колегите ќе ве сакаат, но ќе заработувате помалку.
Ова, пред сè, се однесува за мажите. Во просек, разликата во заработката е околу $10.000 долари годишно во корист на несимпатичните. Кај жените разликата е само $1.800 долари.
Во истражувањето учествувале 10.000 вработени. Се покажало дека оние кои се пријатни и драги со колегите, ретко биле предложени за унапредување.
Објаснувањето лежи во тоа што непријатните и дрските, со своето ладно однесување оставаат впечаток на сериозност и стручност во работата.
- Ако сте несимпатичен маж, ќе ве сметаат за добар и цврст преговарач, а ако сте непријатна жена која нема хармоничен однос со колегите, ќе ве сметаат за некој кој сака да контролира сè, да наредува или да тера по свое, објаснуваат авторите на студијата.