Невообичаени министерства во земјите ширум светот - дали се потребни и кај нас?
Светот често воодушевува со многу интересни и иноватини работи, но дали знаевте дека постојат и некои невообичаени министерства низ светот, како министерство за осаменост?
Во Македонија ги има „вообичаените“ министерства, како Министерство за здравство, за правда, за образование и наука...
Овие министерства можете да ги најдете во скоро сите земји ширум светот, но некои од нив имаат и навистина невообичаени министерства.
Дали можеби и кај нас е потребно некое од следниве министерства?
Министерство за осаменост - Обединето Кралство
Ова министерство постои во Обединетото Кралство, а министерот за осаменост ги повикува сите кои можеби се чувствуваат осамено или изолирано да побараат помош, а доколку познаваат некој кој се чувствува така, да стапат во контакт.
Ова министерство е основано во 2017 година и оттогаш покажа дека околу 9 милиони луѓе во државата се чувствуваат осамено.
Министерство за јога - Индија
Ова министерство е основано во 2014 година во Индија и се стреми да им помогне на луѓето да ја подобрат нивната физичка, ментална и емоционална состојба.
Фокусот е на алтернативните методи за лекување кои се популарни во Индија, како ајурведа, хомеопатија, јога и слично.
Министерство за среќа - Обединети Арапски Емирати
Во 2016 година, владата на Обединетите Арапски Емирати го создаде министерството за среќа чија главна цел е да ги усогласи сите владини планови, програми и политики за да постигне посреќно општество.
Министерство за кафе - Нова Гвинеја
Оваа година, односно 2022-ра, Нова Гвинеја дојде до одлична идеја за да ја подобри индустријата за кафе и да донесе повеќе приходи од извоз.
Така настана и првото министерство за кафе во светот.
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com
Би можело да ве интересира:





