Врска со сестрата на Дијана, зел пари од семејството на Осама бин Ладен: Скандалите кои кралот Чарлс сака да ги заборавиме
Мешање во британската политика
Британското кралско семејство мора да биде политички неутрално. Ова значи никој од семејството не смее да се меша во политиката на државата или да влијае врз политичките одлуки.
Но, Чарлс го прекрши ова правило.
Наводно, тој доставил неколку барања до поранешниот премиер на Англија – Тони Блер – вклучувајќи барање за подобра опрема за војниците кои се борат во Ирак, како и барање за поголема достапност на алтернативни лекови во Англија.
Тогаш Чарлс проба да се одбрани преку неговиот портпарол. Тој изјави дека тој само бил загрижен за проблеми што ги засегаат сите жители на Англија.
Но сепак, јавноста го осуди овој потег бидејќи Чарлс прекрши навистина важно правило на кралското семејство.
Неговата добротворна организација беше под полициска истрага
Во февруари 2022 година, британската полиција почна истрага за добротворната организација на кралот Чарлс – The Prince’s Trust.
Наводно, преку организацијата, на тајкун од Саудиска Арабија му била понудена титулата витез во замена за донација од 2 милиони долари.
Полицијата открила дека бизнисменот навистина имал донирано голема сума со надеж дека ќе ја добие титулата.
Сепак, Чарлс тврди дека не бил свесен за ова, но неговите тврдења уште не се докажани.
Прифатил 1,2 милиони долари од семејството на Осама бин Ладен
На почетокот од 2022 година, британскиот медиум The Sunday Times објави дека кралот Чарлс прифатил 1,2 милиони долари од полу-браќата на Осама бин Ладен.
Наводно, тој ги зел парите во 2013 година и тие биле наменети за друга добротворна организација.
Кралот Чарлс повторно проба да се „извади“ тврдејќи дека не одлучувал тој за прифаќањето на парите.
Се соочи со критики кога уредуваше издание на весникот The Voice
The Voice е единствениот весник во Англија кој е наменет за Афроамериканци.
По повод 40-тиот роденден на весникот, кралот Чарлс беше поканет да биде уредник на изданието на весникот, но веднаш се соочи со критики.
Афроамериканците почнаа да истакнуваат дека британското кралско семејство имало огромна улога во заробувањето на Африканците и нивното депортирање во американските колонии, каде што биле користени како робови.
Поради ова, Чарлс воопшто не требало да ја прифати понудата да го уредува весникот наменет за Афроамериканци.
Спирова С. | Црнобело