Никогаш не е доцна за нова кариера и уште 17 мудри животни совети од повозрасни луѓе
„Подобрете го држењето на телото уште сега“.
„Редовно одете на лекар и заболекар“.
„Вашите зглобови се првото нешто што се троши – грижете се за нив“.
„Поканете ја состанок личноста што ви се допаѓа. Најлошото што може да се случи е да ве одбие“.
„Немојте да заглавувате во долгови за вашиот имиџ и за да изгледате добро во очите на другите. Бидејќи целиот живот ќе пробувате да излезете од дупката што сами сте си ја ископале. Заштедете сума пари со која би можеле да живеете 3-6 месеци за кризни моменти. Почнете и од сега да штедите за пензионерските денови“.
„Уживајте во моќта и убавината на вашата младост. За 20 години ќе гледате фотографии од вас и ќе си мислите колку прекрасно сте изгледате. Сигурно не сте толку дебели колку што мислите“.
„Не се чувствувајте виновно ако не знаете што сакате да правите во животот. Најинтересните луѓе што ги познавам не знаеле што сакаат да прават во нивните 20-ти. Некои од најинтересните луѓе имаат и по 40 години и уште не знаат што сакаат да прават“.
„Внимавајте на телесната тежина. Слабеењето подоцна во животот е брутална битка и ќе ви создава ментален замор“.
„Ако сакате да вадите кредит за нешто, а не е неопходно како дом, храна или лекови, тогаш можете да почекате и да заштедите, наместо да се задолжувате“.
Спирова С. | Црнобело