10 бизарни причини зошто жените биле прогласувани за вештерки во минатото
Биле финансиски независни
Веќе спомнавме дека од жените се очекувало да зависат од мажот.
Но некои жени успевале да заработат сами, а некои наследиле богатство од нивните семејства.
Иако ова се логични објаснувања за финансиската независност за жените, народот често верувал дека зад тоа богатство се крие некоја црна магија.
Чувале мачка
Луѓето верувале дека мачките, особено црните, се реинкарнација на сатаната, па затоа и ги поврзувале со вештерките.
Ако кај некоја жена биле забележани други знаци кои покажуваат дека е вештерка, луѓето сметале дека чувањето мачка само ја потврдува нејзината вина.
Биле сиромашни
Се верувало дека жените кои се сиромашни и бездомнички полесно потпаѓаат под контролата на „злите сили“, барајќи помош.
Ова значи дека ни жените со пари, ни сиромашните не биле безбедни.
Се дружеле со многу жени
Зборот „ковен“ означува собир на вештерки, а во 1920-тите се прославила идејата дека сите вештерки во Европа се дел од ваква група.
Се верувало дека во еден ковен има по 13 вештерки, кои заедно изведуваат ритуали и црни магии.
Па, ако жените имале повеќе пријателки, луѓето се сомневале дека се дел од ковен.
Имале непријател
Многу често ако некој имал конфликт со жена, ја пријавувал дека е вештерка.
Неретко луѓето го правеле ова анонимно и измислувале знаци што ги забележале кај жената што ја пријавуваат, па голема била веројатноста таа да биде прогласена за вештерка, а потоа и убиена.
Спирова С. | Црнобело