Бон-тон правила кои не смеете да ги прекршите кога одите на гости на неколку денови
Немојте да го носите миленикот ако не е пријателски настроен со други луѓе
Најпрво треба да го прашате домаќинот дали можете да го земете и вашиот миленик.
Доколку го земате и миленикот, осигурете се дека ќе ги понесете сите работи што му се потребни – храна, садови за храна и вода, играчки, ќеси за измет…
Ако, пак, вашиот миленик не толерира други луѓе и се однесува агресивно, подобро оставете го дома.
Немојте да го игнорирате домаќинот
Ако сте на гости повеќе денови, нормално дека нема секој миг да го поминувате со домаќините.
Но, не треба ни да ги игнорирате.
Почитувајте го личниот простор на домаќините
Секогаш треба да го почитувате личност простор на другите, вклучувајќи и кога сте им на гости.
Немојте да „душкате“ наоколу
Покрај личниот простор, важно е да ја почитувате и приватноста на домаќините.
Што значи, немојте да проверувате во фиоките и гардероберите, дури ни во собата во којашто спиете.
Исто така, немојте да влегувате во нивната спална и другите простории без да ги прашате.
Заблагодарете се
Сигурно ќе се заблагодарите за гостопримството пред да си одите, но уште подобро е ако оставите и порака, по можност во некоја интересна картичка.
Со ова ќе покажете почит, но и сигурно ќе им го разубавите денот на домаќините.
Спирова С. | Црнобело