Како да го набљудувате метеорскиот дожд Персеиди овој викенд?

И овој август ќе можеме да уживаме во шоуто што го приредува метеорскиот дожд Персеиди, но, за жал, со многу помала видливост поради полната Месечина.

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-01.jpg

Персеидите се најпопуларниот метеорски дожд кој трае од 17 јули до 24 август. Бројот на видливи метеори постепено се зголемува и го достигнува пикот во средината на август.

Годинава пикот ќе биде ноќта помеѓу 12 и 13 август, по полноќ. Но, ако сте на неосветлено место, можно е да забележите метеори и неколку ноќи по 13-ти. 

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-03.jpg

Обично за време на пикот на Перседите, можат да се забележат и до 100 метеори во еден час, но годинава небото ќе биде осветлено од полната Месечина, па очекувајте помал број.

За да ги набљудувате метеорите не ви треба никаква опрема. Единствено треба да најдете место кое не е осветлено.

Исто така, на вашите очи ќе им требаат 20-тина минути да се привикнат на темницата за да можете да видите нешто.

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-04.jpg

На овој ЛИНК можете да погледнете интерактивна мапа која го покажува ноќното небо над неколку градови во Македонија (како Битола и Скопје). На мапата се прикажани соѕвездијата за полесно да се ориентирате.

На опцијата Change location (веднаш под мапата) можете да проверите дали го има вашиот град. Но и да го нема, Македонија има мала површина, што значи дека ноќното небо е генерално исто насекаде, па можете да следите за кој било град.

Интерактивната мапа ќе го покажува ноќното небо во живо штом ќе почне пикот на Персеидите.

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-02.jpg

Како настануваат Персеидите и од каде потекнува нивното име?

Метеорските дождови се остатоци од опашката на некоја комета низ кои минува Земјата.

Персеидите се остатоци од кометата Swift-Tuttle, а секој август нашата планета минува низ нив.

Метеорите што ги гледаме ние се всушснот остатоците од опашката кои навлегуваат во атмосферата и согоруваат.

Овие метеори се многу мали, па целосно согоруваат и не паѓаат на земјата.

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-05.jpg

Името Персеиди потекнува од соѕвездието Персеј – кога го гледаме дождот, изгледа како метеорите да доаѓаат оттаму.

Сепак, не мора да гледате само кон Персеј бидејќи метеорите можат да се забележат низ целото ноќно небо.

kako-da-go-nabljuduvate-meteorskiot-dozhd-perseidi-ovoj-vikend-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg