5 причини зошто не треба да скокоткате никого, особено деца
Смеењето не е знак дека некој ужива во скокоткањето. Напротив, во овој миг личноста (или детето) губи контрола над своето тело и смеењето е само рефлекс што не може да го контролира.
Голем број луѓе сметаат дека скокоткањето е безопасно и го користат како алатка да ги насмеат своите деца. Некои го користат скокоткањето и на возрасни луѓе кои им се блиски.
Иако ова активност навидум е забавна, во реалноста личноста што ја скокоткаат е речиси во агонија.
Пет причини зошто не треба да скокоткате никого, особено мали деца:
Може да биде трауматично
Пробајте да се сетите дали во детството некој ве скокоткал. Ако имате вакво сеќавање, веројатно ви е трауматично.
Бидејќи повеќето го поврзуваат скокоткањето со смеа и забава, не сфаќаат сериозно кога некој им вели да престанат.
Покрај тоа, скокоткањето е допирање на туѓо тело без дозвола, а сето ова може да биде трауматично.
Може да предизвика привремена парализа
Скокоткањето може буквално да го преоптовари нервниот систем и да направи детето, или личноста што ја скокоткате, да се чувствува како да нема контрола над своето тело.
Исто така, некогаш скокоткањето може да предизвика привремено парализирање на мускулите, што дополнително го зајакнува негативното чувство на губење контрола над своето тело.
Смеењето е само рефлекс
Повеќето луѓе веруваат дека скокоткањето е забавно бидејќи сите се смеат кога ги скокоткаат.
Но важно е да се нагласи дека во овој случај смеата е само рефлекс и воопшто не е знак дека личноста или детето се забавуваат.
Како што веќе спомнавме, скокоткањето ја намалува контролата над телото, па смеењето не може да се контролира.
Скокоткањето може да биде болно и неудобно
Ако добро обрнете внимание, ќе забележите дека движењата на телото кај дете кое е скокоткано изгледаат како да чувствува болка.
Покрај тоа што е непријатно, за некои луѓе скокоткањето може навистина да предизвика болка.
Со скокоткањето го прекршувате правото за телесна автономија
Само затоа што станува збор за мало дете, не значи дека имате дозвола да го допирате неговото тело. А, скокоткањето е токму тоа – допирање на телото, и тоа на непријатен и некогаш болен начин.
Мора да ја почитувате телесната автономија на сите, особено на малите деца.
Како што вие не сакате да ве допира кој било, исто важи и за другите, вклучувајќи ги и децата.
Постојат други начини да го насмеете вашето дете
Никако немојте да го користите скокоткањето како алатка за да го натерате детето да се смее.
Наместо тоа, ако е многу мало, секогаш можете да му зборувате со смешен глас или да му правите смешни гримаси.
Поголемите дечиња можат да се смеат и на шеги соодветни за нивната возраст, смешни сцени од цртани и филмови и слично.
Спирова С. | Црнобело