Капење во супа од свинско, љубовни хотели: Необични работи кои постојат само во Јапонија

Има многу необичности што треба да се откријат, но кои се најчудните работи во Јапонија? Повеќето работи ќе изгледаат прилично бизарни на почетокот, но по неколку дена, ќе почнете да ги обожавате.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-01.png

Многупати сме пишувале за кул изумите и необичните работи кои може да се сретнат во оваа напредна земја, но никогаш не е доста од нивното секојдневие. 

Издвојуваме уште неколку необични работи кои ги има во Јапонија, а кај нас се незамисливи:

Чудни игри

Јапонија има многу игри кои се различни и уникатни, но она што им е заедничко на сите е што тие се навистина чудни.

На пример, постои игра наречена „Candy or Not Candy“ во која натпреварувачите треба да пробаат од различни работи за да видат дали се направени од чоколадо или не.

Други пак, вклучуваат страшни ситуации каде што треба да се извршуваат тешки физички задачи.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-02.png

Капење во супа од свинско месо и рамен тестенини

Јапонија има вековна традиција на традиционални бањи. Не е важно, може да помислите - и другите земји го имаат истото. Но, спа одморалиштето Јунесун во Хаконе му даде уникатен јапонски пресврт на ова искуство.

Замислете го ова: капење во тенџере со супа од свинско месо и рамен тестенини. Зошто би го направиле тоа?

Во последно време луѓето се многу загрижени да имаат убава кожа и го знаат ефектот на колагенот кој го содржи супата од свинско месо.

Звучи чудно, нели? 

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-05.png

Такотамаго

Такотамаго е мал октопод послужен на стапче, со варено јајце ставено во неговата глава. Можеби звучи чудно, но туристите ја обожаваат оваа храна.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-06.png

Лубеници во облик на коцка

Овие лубеници најпрво биле дизајнирани да се вклопат покомпактно во фрижидерите и полесно да се сечат, но оттогаш тие станале украсни предмети кои можат да чинат и до 160 долари.

Други облици вклучуваат љубовни срца и триаголници, кои се одгледуваат во специјални контејнери и потребни се многу години за да се добие вистинската форма.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-03.png

Алкатраз ЕР

Островот Алкатраз е остров кој се наоѓа веднаш до брегот на Калифорнија, кој порано бил дом на затвор каде што биле затворени неколку криминалци.

Иако изгледа чудно да се именува ресторан по ова, Алкатраз ЕР во Токио е ресторан кој е навистина различен.

За жал, овој ресторан сега е затворен, но порано туристите навистина го обожавале, бидејќи јаделе во ќелии, а биле послужувани со болничка опрема.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-07.png

Љубовни хотели

Љубовните хотели нудат двокреветни соби за кратки временски периоди. Повеќето соби се опремени со еротски програми и можности за купување или изнајмување костими.

Одберете ја саканата соба со притискање на едно копче, а потоа плаќајте на прозорецот каде што нема да можете да го видите рецепционерот.

kapenje-vo-supa-od-svinsko-meso-i-ramen-testenini-ljubovni-hoteli-neobichni-raboti-koi-postojat-samo-vo-japonija-04.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg