Правила за однесување на плажа кои културните луѓе ги знаат – никогаш не е доцна да ги научите
Не трчајте измеѓу луѓе за да не ги нахраните со песок тие што лежат на земја. Не седнувајте на 3 чекори од луѓето кои се сместиле пред вас на плажа. Не „урлајте“ за цела плажа да слуша каде сè сте прошетале или колку ве нервира снаата и слично.
Правилата за културно однесување се нешто што многумина го знаат, но забораваат да го применат.
Колку пати ви се случило некултурни посетители на плажа да ве наполнат со песок, да ве испрскаат или да ви ја наполнат главата со нивните глупости кои ги раскажуваат на најгласно за сите да слушнат.
Ако сакате да не бидете во категоријата некултурни луѓе, следете ги следниве правила на плажа:
Почитувајте го туѓиот простор и не се сместувајте на помалку од 10 чекори до другите луѓе
Внимателно движете се по плажата за да не ги нахраните со песок луѓето што лежат на земја или да згазите туѓи пешкири
Тресете го пешкирот ниско до земја за да не се разлета песок по луѓето околу вас
-->
-->
Внимавајте на децата и не дозволувајте да им пречат на други луѓе кои дошле да уживаат
-->
Истото важи и за миленици – држете ги под контрола и не дозволувајте да гази по туѓи пешкири или да направи хаос
Одржувајте ја плажата чиста и не оставајте отпад – чувајте го во ќеса или чанта додека да најдете канта
Не ги закопувајте во песокот отпушоците од цигари – фрлајте ги во пепелник или во чаша со вода
Кога играте спорт на плажа внимавајте да не бидете преблиску до други луѓе и да им го нарушувате мирот
Не зборувајте прегласно и не „урлајте“ за цела плажа да слуша каде сè сте прошетале или колку ве нервира снаата и слично - никого не го интересира
Не скокајте во море/езеро кога во близина имате други луѓе што може да ги испрскате
Доколку имате потреба од нужда, извршете ја во најблискиот тоалет, не во вода или на плажа
-->
Бричење нозе, стискање акни и чупкање влакна од лицето и телото не се активности за на плажа
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки?
Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот
„Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот
„Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...