Непишани правила за паркирање што многумина бесрамно ги прекршуваат
Дали имате навика да зафаќате две паркинг места или да си „резервирате“ место со стол, гајба или што било? Тогаш време е да го промените однесувањето.
Кога станува збор за сообраќајна култура, исто важно колку возењето е и однесувањето на паркинг.
Секогаш треба да земете предвид дека околу вас има и други луѓе кои возат автомобил и не треба да им го отежнувате паркирањето или движењето низ паркингот.
Најчестите правила за паркирање што некултурните луѓе ги прекршуваат:
Зафаќаат две места на паркингот
Некои луѓе без проблем си се паркираат дијагонално, со тоа зафаќајќи две паркинг места. Некои, пак, се паркираат среде линијата што ги одвојува местата, повторно зафаќајќи простор за два автомобила.
Не постои ниту една причина зошто да се паркирате вака, па немојте да го правите ова, особено ако паркингот е претежно полн.
Ги блокираат другите автомобили
Дури и ако сте застанале на само пет минути, немојте никогаш да блокирате нечиј автомобил.
Можеби ќе се задржите подолго од планираното, а можеби и блокираната личност од разни причини мора веднаш да тргне.
Оставаат колички за пазарење на паркингот
Во секој маркет има обележано место каде треба да ја вратите количката.
Немојте да бидете себични и не ја оставајте количката на паркингот само затоа што ве мрзи да ја вратите.
Блокираат тротоари
Тротоарите се наменети за пешаци, а не за вашиот автомобил.
Не го почитуваат ограничувањето на брзината
Постои причина зошто брзината е ограничена кај паркинзите.
Покрај автомобилите, овде се движат и луѓе од и кон нивните возила, па постои ризик да удрите некого ако возите брзо.
Оставаат препреки за да си фатат место
Не само конуси, некои луѓе бесрамно си оставаат тули, гајби, па дури и столови за да си го „резервираат“ местото за паркинг.
Штом станува збор за јавен паркинг што можат да го користат сите, ништо не ви дава право да си го „резервирате“.
Го блокираат преминот на паркингот
Ако нема слободно место на паркингот, тоа не значи дека можете да се паркирате среде патот каде што треба да поминат автомобилите.
Спирова С. | Црнобело