11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина

Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку повеќе пари за во салон. Имајте на ум дека ако се фарбате сами и си ја уништите косата, ќе ве чекаат дополнителни трошоци за да ја поправите штетата.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-01.jpg

Нормално е да сакате да заштедите кога купувате нешто и да ја одберете поевтината опција. Во некои ситуации ова е паметна одлука, но некогаш навистина вреди да платите малку повеќе.

За некои продукти (и услуги) препорачливо е да дадете повеќе пари со цел да ги избегнете трошоците во иднина. На пример, поквалитетната (и поскапата) машина за перење не само што ќе ви трае подолго, туку може и да ја намали сметката за струја.

За кои предмети вреди да дадете повеќе пари?

Екстерна батерија за телефон

Каде и да одиме, нашите смартфони се секогаш со нас, но факт е дека не секогаш имаме можност да ги наполниме.

Затоа, екстерните батерии се одлична инвестиција, особено ако голем дел од денот минувате надвор од дома.

Покрај тоа, со оваа батерија ќе го спречите целосното празнење на телефонот и со тоа можете да ѝ го продолжите рокот на батеријата во него.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-02.jpg

Крем со заштитен фактор

Целта на кремовите со фактор е да нè заштитат од штетните УВ зраци, како и од изгореници. Изложеноста на сонце без соодветна заштита не само што предизвикува болни изгореници, туку и значително го зголемува ризикот од појава на рак на кожата.

Што значи, доколку сте во можност, дефинитивно вреди да дадете повеќе пари за поквалитетен крем со заштитен фактор.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-03.jpg

Детско седиште за автомобил

Овие седишта можат да бидат скапи, но сепак станува збор за безбедноста на вашето малечко и не би требало да штедите на нив.

Најпрво, не е препорачливо да купувате седиште на старо, особено ако е користено повеќе од 3-4 години, бидејќи со текот на времето се намалува квалитетот, а со тоа и заштитата што ја нуди.

Покрај тоа, во овој случај не обрнувајте внимание на изгледот на седиштето, туку фокусирајте се на тоа колку е безбедно.

Квалитетните седишта треба да имаат потпора за главата, заштита од страните, механизам за адаптирање со кој лесно се управува, а треба да биде меко и удобно за седење.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-04.jpg

Здрава храна

За разлика од многу развиени земји, кај нас може да се најде здрава храна по релативно ниска цена.

Овошјето, зеленчукот и другите здрави намирници генерално се по прифатлива цена, особено кога им е сезона.

Можеби некогаш ќе треба да платите малку повеќе за некои намирници, но имајте предвид дека со здравата исхрана го штитите вашето здравје. Со ова ќе избегнете секакви болести за кои инаку би трошеле многу пари за терапија.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-05.jpg

Перница за спиење

Речиси третина од животот поминуваме во спиење, што значи важно е да имаме квалитетна перница.

За да ги избегнете проблемите со грбот и вратот, но и проблемите кои доаѓаат со несоницата, навистина вреди да дадете некој денар повеќе за квалитетна перница.

11-predmeti-i-produkti-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-za-da-gi-izbegnete-troshocite-vo-idnina-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg