Луѓе споделуваат популарни стереотипи за нивните земји – кои се вистина, а кои лага?

Австралија: „Дека целата земја е опасна. Дека пајаците, мечките, змиите, дивите мачки и кучињата ќе ве распарчат ако излезете од дома“.

Пакистан: „Дека целата држава е среде пустина, луѓето живеат во колиби и сите зборуваат Арапски“.

Канада: „Дека секогаш е студено и врне снег. Како Канаѓанец, ви кажувам дека Канада е огромна земја. Имаме сè – од пустини до дождовни шуми. На некои делови од земјата врне многу снег, додека во други едвај се појавува мраз“.

lugje-spodeluvaat-popularni-stereotipi-za-nivnite-zemji-koi-se-vistina-a-koi-laga-05.jpg

Англија: „Дека сите сме ја запознале кралицата. Смешно е колку многу луѓе ми го имаат поставено ова прашање“.

Колумбија: „Луѓето веднаш ја поврзуваат мојата земја со кокаин и Пабло Ескобар. Серијата Narcos дефинитивно не ни беше од помош. Мртов е речиси 30 години, а ние уште не можеме да се ослободиме од тоа чудовиште“.

Русија: „Сите ние пиеме вотка од утро до вечер, а низ градовите шетаат мечки“.

lugje-spodeluvaat-popularni-stereotipi-za-nivnite-zemji-koi-se-vistina-a-koi-laga-06.jpg

Либан: „Дека целата земја е пустина. Во реалноста, Либан нема ниту една пустина, и покрај тоа што нашите соседни земји имаат“.

Финска: „Дека сме тивки, интровертни и ја сакаме нашата приватност, Има исклучоци од овој стереотип, особено помеѓу младите, но повеќето од нас навистина не знаат како да зборуваат со други луѓе“.

Италија: „Дека јадеме тестенини најмалку шестпати неделно. Искрено, ова е точно за поголемиот број Италијанци“.

lugje-spodeluvaat-popularni-stereotipi-za-nivnite-zemji-koi-se-vistina-a-koi-laga07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg