Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Луд/а си“ или „Сѐ ти е во главата“ – ако ги слушате овие фрази често, вие сте жртва на психолошко насилство (што е тоа и како да се спасите?)

Гаслајтинг е форма на емоционален и психолошки вид насилство при што лицето користи вербални трикови за да убеди друго лице дека не се во право и дека го губат умот. Зошто? За да добие контрола. Прочитајте кои знаци откриваат дека сте жртва на ова насилство и како да се заштитите од овие личности.

luda-si-ili-se-ti-e-vo-glavata-se-frazi-koi-mnogumina-gi-slushate-sekojdnevno-dali-ste-zhrtva-na-gaslajting-01.png

Тие лица сакаат контрола и моќ. Во врската, тие треба да бидат одговорни, и треба да бидат во право за сè.

Постојано критикување, обвинување, давање вербално навредливи изјави, заплажување, негирање на одговорност, минимизирање на навредливо однесување и прогласување на незадоволство од врската е насилство за кое многумина не се свесни.

Без разлика дали се користи за време на тортура на политички затвореници или за стекнување контрола во интимна врска, гаслајтинг претставува манипулирање со луѓето поради нивната раса, родов идентитет, возраст, ментална нестабилност, физичка или емоционална ранливост.

luda-si-ili-se-ti-e-vo-glavata-se-frazi-koi-mnogumina-gi-slushate-sekojdnevno-dali-ste-zhrtva-na-gaslajting-02.png

Неколку примери за гаслајтинг:

Лажење и негирање: Личноста лаже или ги негира настаните отворено, дури и кога имате доказ за спротивното.

Употреба на лични информации против вас за да предизвика вина: Пример може да биде исмејување личност пред пријателите: „Леле, вчера заборавила да купи половина од работите што биле на списокот! Добро е што си е наша, па си ја сакаме!“

Проекција: „Не сум јас виновен/на, до тебе е.“

Критика во форма на пофалба и прифаќање: „Види што направи! Уф, во ред е ајде. Се случува. Биди повнимателен/на следниот пат. Гледаш дека те сакам, па ти простувам?"

luda-si-ili-se-ti-e-vo-glavata-se-frazi-koi-mnogumina-gi-slushate-sekojdnevno-dali-ste-zhrtva-na-gaslajting-03.png

Како да се заштитите?

Ако се сомневате дека сте жртва на гаслајтинг, во продолжение неколку совети: 

  • Обрнете внимание на она што го прави човекот, а не на она што го кажува. Гаслајтерите прават едно, а нивните постапки кажуваат друго. 

  • Не слушајте некој кој постојано ви вели „луд/а си“ или дава слични коментари што ве тераат да го преиспитате начинот на кој се однесувате.

  • Не верувајте на некој што ќе ви каже дека другите, особено вашето семејство и/или пријателите, се согласуваат со нив, а не со вас. Гаслајлерите често ги користат најблиските како муниција. 

  • Презентирајте докази и бидете директни со гаслајтерите кога тие се обидуваат да ја негираат или да ја избегнат вистината.

  • Зборувајте со личности на кои им верувате и побарајте совет и помош. Може да се обратите и кај стручно лице. 

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg