Зошто луѓето на старите фотографии од минатото се толку сериозни и не се смеат?

Едно од вообичаените прашања што луѓето го поставуваат на Google е: Зошто луѓето не се смеат на старите фотографии?

Zosto-lugjeto-na-starite-fotografii-od-minatoto-se-tolku-seriozni-01.jpg

Кога ќе ги погледнеме фотографиите од минатото, честопати забележуваме дека луѓето на нив како да „замрзнале“ сериозно и засекогаш. Луѓето во минатото не биле нужно подепресивни, потажни или помрачни од нас.

Нивните сериозни фотографии всушност кажуваат нешто сосема друго, а тоа е дека тие имале поинаков однос кон сопствените фотографии.

Кога луѓето се фотографирале, за нив тоа бил исклучително важен момент. Фотографирањето било многу ретко и не секој можел да си го дозволи. Луѓето не се фотографирале секој ден, а некои го правеле тоа само еднаш во животот.

Позирањето пред камерата изгледало како да позирате пред уметник што слика на платно, бидејќи траело приближно исто толку време.

Сепак, само најбогатите можеле да си дозволат вистински сликари кои сликаат портрети, а оние кои биле малку посиромашни, можеле да си дозволат фотограф.

Затоа луѓето многу сериозно го сфаќале овој прекрасен момент, кој можеби никогаш повеќе немало да можат да си го дозволат во животот.

Денес, кога секој од нас прави десетици фотографии и селфи фотки дневно, тешко е да се разбере колку било интимно значењето на секоја фотографија за оние кои се фотографирале некогаш во далечното минато.

Фотографиите денес се знак на некаква дружељубивост, и на нив речиси сите се претставуваме како среќни луѓе. Се смееме на безбројните селфи фотки, кои во споредба со старите портрети се навистина само моментална среќа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg