Три материјали кои се подобри од памукот во лето – спречуваат потење, апсорбираат влага, а кожата „дише“
Еден од најголемите проблеми во текот на летото е „мократа“ односно испотената облека.
Колку и да се трудиме, потењето е сосема нормален, природен процес. Високите температури придонесуваат кон тоа, но дали сте свесни колку облеката дополнително влијае на процесот?
Полиестерот е најмалку пријатен од сите материјали, особено во текот на летото. Тој ја задржува топлината, а кожата „не дише“.
Иако памукот е добар за високи температури, постојат три вида материјали кои се уште подобри. Тие не го поттикнуваат потењето и ја апсорбираат влагата.
За кои материјали станува збор?
Лен
Ленот е познат како најсилното природно влакно во светот кое е многу поиздржливо од памукот. Оваа ткаенина е направена од многу фини влакна добиени од растението лен.
Го пропушта воздухот во вашето тело и на тој начин го спречува потењето, па затоа ленените алишта се многу издржливи и отпорни.
Единствена мана е што лесно се туткаат, но тоа е неважен детаљ во споредба со пеколните летни температури.
Вискоза
Во однос на хемискиот состав, вискозата е многу слична на памукот, а се состои од остатоци од целулозни влакна.
Удобна е за носење во текот на летото и го лади телото. Вискозата е, исто така, идеална како додаток на други влакна, бидејќи ги прави помеки и дефинитивно кожата повеќе „дише“ во нив.
Свила
Свилата е природна ткаенина за која е познато дека лесно се приспособува на температурите. Таа го одржува телото топло во текот на зимата и ладно во лето. Во свилата не можете да се потите, таа е тенка и мека.
Сепак, свилата е многу чувствителна на сонце. Темните бои може да избледат, а можете да забележите дамки на светли бои.
Тоа е единствениот нејзин недостаток, па затоа се советува свилата да ја носите навечер.
(О)Милена | Црнобело