Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тетовирани очи, извадени ребра – луѓе кои претерале со бизарните промени во изгледот (фото)

Со бројни пластични операции и многу шминка, некои луѓе навистина одат во крајности кога си го менуваат изгледот.

tetovirani-ochi-izvadeni-rebra-lugje-koi-preterale-so-promenite-vo-izgledot-foto-01.jpg

Колку и да се сакаме себеси, сите имаме по некој дел од телото што (потајно) сакаме да го промениме. Сепак, во животот најважно е да научиме да се сакаме такви какви што сме, да бидеме горди на себе и да зрачиме со самодоверба, прифаќајки си ги малите „несовршености“.

Сепак, некои луѓе дискретно „менуваат“ делови од телото што не им се допаѓаат, а благодарение на напредокот на пластичната хирургија, другите не можат ни да познаат дека е направен некаков зафат.

Но, постојат и луѓе кои одат во крајност со овие промени и целосно си го менуваат личниот опис. Бизарно и претерано, зарем не?

Во продолжение неколку вакви луѓе кои се хит на социјалните мрежи:

Венус Изабел Палермо

Јутуберка Венус, позната како Venus Angelic, потекнува од Швајцарија и отсекогаш била фасцинирана од јапонската култура.

Таа е и огромен аниме фан, па денес изгледа како лик од популарните јапонски цртани.

Ванила Чаму

Девојката позната под псевдонимот Ванила Чаму е спротивност од Венус – таа е Јапонка која сака да изгледа како Европејка.

Таа има потрошено над 100.000 долари на разни козметички процедури за да го добие посакуваниот изглед и наводно не планира наскоро да запре со трансформациите.

tetovirani-ochi-izvadeni-rebra-lugje-koi-preterale-so-promenite-vo-izgledot-foto-03.jpg

Мауирисио Галди

33-годишниот Бразилец работи како актер и модел, а сака да личи на Кен.

За да ја постигне целта, тој има направено неколку операции, вклучувајќи импланти на градите и рацете, ринопластика, па дури и отстранување на ребрата.

Амбер Лук

Амбер има 26 години и беше активна на Инстаграм пред да одлучи да си го избрише профилот.

Амбер има тетоважи на целото тело, а ги има тетовирано и очите.

Оваа бизарна и многу ризична тетоважа ја чинела 26.000 долари, а наводно по третманот девојката била слепа три недели.

tetovirani-ochi-izvadeni-rebra-lugje-koi-preterale-so-promenite-vo-izgledot-foto-04.jpg

Браќата Богданов

Кога станува збор за бизарни трансформации, браќата Богданов од Франција се едни од најпознатите.

Уште во младоста, тие не биле задоволни од нивниот изглед, па направиле бројни операции и се непрепознатливи во споредба со старите фотографии.

За жал, браќата починаа - едниот во 2021, а другиот во 2022 година.

tetovirani-ochi-izvadeni-rebra-lugje-koi-preterale-so-promenite-vo-izgledot-foto-02.jpg

Ванг Џиа Јун

Младата Ванг неретко е нарекувана и жива кукла поради необичниот изглед. Според нејзиниот Инстаграм профил, таа е родена во 1992 година, висока е 168 сантиметри, а тежи само 42 килограми.

Кога ќе ја погледнете, веројатно не би поверувале дека има 30 години.

Лолита Ричи

За разлика од повеќето луѓе на листава, Лолита Ричи го замени бизарните изглед со понормален.

На фотографиите објавени околу 2014 година таа изгледа како Барби кукла со екстремно тенката половина, долгите нозе и русата коса.

Денес таа негува поприроден изглед.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg