„Бев милионер, но изгубив сè – како ми се случи тоа?“

„Баба и дедо беа многу богати, а баба успеа да ги потроши сите пари во рекордно време“.

bev-milioner-no-izgubiv-se-kako-mi-se-sluchi-toa-01.jpg

Многу луѓе сметаат дека штом ќе станат богати, животот им е среден и повеќе нема за што да се грижат. Ова донекаде е точно, но богатството нема да трае цел живот ако се троши неразумно и ако не се направи план за неговото зголемување.

Бидејќи некои луѓе очигледно не го земаат ова предвид, во светот постојат многумина кои биле милионери, за на крај да останат без „скршен денар“.

Некогаш, пак, луѓето се соочуваат со здравствени проблеми, економски кризи и слични непредвидливи ситуации, па го губат богатството дури и ако биле навистина внимателни.

Во продолжение неколку вистински приказни за поранешни милионери од САД кои изгубиле сè:

„Бившиот партнер имаше пријател кој наследи милион долари на 20-годишна возраст. Нормално, на 20 години не можете да се пензионирате со еден милион долари, но ова е одличен начин да платите за факултет, можеби да си купите автомобил или куќа и да ја зачувате/инвестирате останатата сума. Дали тој направи нешто ова? Не. Си купи смешно скап автомобил, купи автомобили за пријателите, купи многу дизајнерска облека, правеше огромни забави… По две-три години остана без пари и се вработи како келнер за да може да си ги плати сметките“.

„Еден мој пријател потекнува од многу богато благородничко семејство од Шпанија. Неговите предци направиле толку многу пари, што никој од семејството не требало да оди на работа цел век. Но, бидејќи никој не работел ништо, во семејното богатство не се додаваа пари, па постепено го истрошија целото“.

poraneshni-milioneri-otkrivaat-kako-gi-izgubile-i-potroshile-site-pari-03.jpg

„Татко ми е поранешен милионер. Тој е волшебник за започнување нови бизниси, но проблемот е што не може да ги одржи. Тој е шеф/сопственик кој најмува само членови од семејството бидејќи не верува на никој друг. Пропадна три компании што вредеа милиони бидејќи одбиваше да вработи соодветни луѓе“.

„Тетката на сопругата беше многу богата. Беше во брак со неврохирург кој имаше огромна плата. Но, тој ја изгуби лиценцата бидејќи препишувал многу лекови против болка за тетката и други блиски луѓе, па мораа да ја напуштат Америка“.

„Кога почина дедо ми, ѝ ги остави сите пари на мајка ми. Потоа почина и татко ми, кој исто така ѝ ги остави сите пари на мама. Таа отсекогаш имала проблеми со коцкање – еднаш освои 25.000 долари на лотарија и тоа ја зарази. Додека тато беше жив, ѝ помагаше да го контролира проблемот. Но, по неговата смрт мајка ми си најде нов дечко кој беше професионален коцкар. Почнаа да даваат многу пари за казина и лотарија и со текот на времето потрошија речиси два милиони долари“.

poraneshni-milioneri-otkrivaat-kako-gi-izgubile-i-potroshile-site-pari-04.jpg

„Не само јас, туку целото мое семејство ги изгуби парите. Моите родители беа многу болни и за пет години потрошивме два милиона за тоа. Од личност која никогаш не се грижела за пари, се претворив во личност која постојано се прашува како ќе ги исплати долговите и дали ќе има кров над главата“.

„Моите баба и дедо беа богати и баба успеа да ги потроши сите пари во рекордно време. И братот на дедо беше богат и баба го молеше за пари, но тогаш тој го прекина секој контакт со неа. Баба умре сама. Умре и братот на дедо, а целото богатство го зеде неговата сопруга ’спонзоруша‘. А, јас уште сум сиромашен“.

poraneshni-milioneri-otkrivaat-kako-gi-izgubile-i-potroshile-site-pari-02.jpg

„Работам во финансии и сум гледал многу милионери како ги губат сите пари. Еднаш имавме клиент кој заработуваше 50.000 долари месечно, но трошеше 60.000 секој месец и постојано земаше пари од заштедата. По некое време не можеше да си ја извади ни платата бидејќи живееше живот што не може да си го дозволи“.

„За малку ќе станев милионер. Купив биткоини во вредност од 100 долари во периодот кога вредеа по еден долар. Ги продадов кога вредноста им се искачи на 2,50 долари и бев многу среќен за заработката. Во моментот кога го пишувам ова, овие биткоини би вределе 1,8 милиони долари“.

„Ги изгубив парите поради развод. Бев милионер и од разводот изгубив скоро сè. Но, работев напорно и сега повторно сум милионер. Луѓе, немојте да ја потценувате моќта на лошиот развод“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg