На работа носете храна од дома и уште 15 совети за штедење
„Отплаќањето на кредитите нека ви биде приоритет. Пробајте и однапред да ги планирате оброците за цела недела. Исто така, кога сакам да купам нешто, чекам еден месец за да видам дали навистина го сакам. Во повеќето случаи сфаќам дека не ми треба и не го сакам и со ова штедам многу пари кои инаку би ги потрошил на непотребни работи“.
„Купувам храна онлајн и на овој начин го избегнувам импулсивното купување во маркет“.
„Дружете се со луѓе кои имаат навика да штедат. Во 20-тите имав многу пријатели кои трошеа пари како да се Кардашијанс. Ако имате пријатели кои знаат да штедат, истото ќе почнете да го правите и вие“.
„Вложете пари во квалитетни работи – траат многу подолго од евтините“.
„Купувајте на големо храна што не се расипува брзо, како брашно или ориз. Однапред планирајте ги оброците за да ги искористите свежите продукти пред да се расипат. Исто така, ставете сензори за движење на светилките во собите каде што влегувате поретко – откако го направив тоа, повеќе не се грижам дали сум исклучила некоја светилка“.
„Кога ќе ви ја покачат платата, немојте да почнете да трошите повеќе, туку тргајте нешто настрана“.
„На работа носете си ручек од дома“.
„Водете подобра грижа за облеката и чевлите. Дури и ако се евтини, третирајте ги како да се многу скапи. На овој начин ќе им го продолжите векот и нема да има потреба постојано да купувате нови“.
Спирова С. | Црнобело