На работа носете храна од дома и уште 15 совети за штедење
Кога ќе ви ја покачат платата, немојте да почнете да трошите повеќе, туку тргајте нешто настрана. Научете како да готвите, она што можете купете го на старо и пробајте почесто да користите јавен превоз или велосипед.
Ако не обрнувате многу внимание на работите што ги купувате, навистина е лесно да потрошите многу повеќе пари од планираното.
Но, веројатно сте свесни дека дури и да имате релативно висока плата плата, би требало да тргнете некој денар настрана наместо да потрошите сè на непотребни работи.
Иако ова ни е јасно на сите, без некој конкретен план, штедењето може да изгледа како навистина тежок подвиг.
Ако сте во ваква ситуација, тогаш сигурно ќе ви се допаднат советите за штедење од корисниците на Редит.
Дел од најкорисните во продолжение:
„Навикнете се да пиете вода. Откако намалив со другите пијалаци и почнав да пијам повеќе вода, трошам помалку, ослабев 13 килограми и го избегнав дијабетесот“.
„Ги чувам старите четки за заби и ги користам за чистење низ домот“.
„Веќе не купувам ништо што не е на попуст. Може да биде тешко да се навикнете на ова, но со малку истражување секогаш можете да најдете нешто на попуст. Единствено купувам нешто без попуст кога ми треба итно“.
„Научете сами да поправате некои работи низ домот“.
„Научете како да готвите и поретко јадете храна од ресторани“.
„Она што можете, купете го на старо. Исто така, почнете да користете јавен превоз, велосипед или одете пеш“.
„Неколкупати годишно пробајте да поминете една недела без да трошите пари – дојадете ја целата храна во домот, не купувајте непотребни работи и слично“.
„Не купувајте нов автомобил или смартфон ако оние што ги имате се во добра состојба“.