За што сè можете да го користите лакот за коса освен за фризури?

Полесно да протнете конец низ игла

Ако нанесете малку лак за коса на конецот, тој ќе се стврдне, па многу полесно ќе го протнете низ малото дупче на иглата за шиење.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-06.jpg

Да го спречите кинењето на хулахопките

Ако направите мало дупче на хулахопките, а немате друг пар при рака, можете да го спречите проширувањето на дупката со лак за коса.

Треба само да го испрскате дупчето со малку лак за коса.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-07.jpg

Да отстраните мастило од пенкало од облека

Постапката е слична како за отстранувањето кармин – ставете лак за коса на дамката, почекајте да делува неколку минути, истријте ја дамката, па исперете ја облеката.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-08.jpg

Да ги отстраните боичките од ѕидот

Ако вашето дете ја покажало креативноста на ѕидот, можете да ги отстраните трагите од боичките со лак за коса.

За ова можете да користите некој евтин лак за коса – само осигурете се дека има поголемо количество алкохол.

Нанесете го лакот на памук и нежно тријте го ѕидот. Само треба да бидете трпеливи бидејќи процесот може да оди побавно. 

Секако, прво пробајте на помала површина. 

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-09.jpg

Да ја зачувате свежината на букетот

Ако имате букет со свежо цвеќе, испрскајте ги цветовите со лак за коса за да му го продолжите векот уште неколку денови.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg