Слават Ден на пчелата, жителите се големи авантуристи - забавни факти за животот во Словенија

Словенците се вистински авантуристи и оттука потекнуваат првиот брачен пар кој се венчал на Монт Еверест, првата жена која сама го пропатувала светот со мотор, првиот маж кој ја препливал реката Амазон, како и првиот маж кој се спуштил од врвот на Монт Еверест со скии.

slavat-den-na-pchelata-slovencite-se-golemi-avanturisti-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-slovenija-01.jpg

Како европска земја, Словенија не е многу поразлична од Македонија, но постојат забавни детали од секојдневието на тамошните жители кои сигурно ќе ве изненадат.

Дел од нив во продолжение:

Пчеларството е многу важен занает

Словенците се свесни за важноста на пчелите, па пчеларството е доста распространет занает. На некој начин, пчеларството е дел и од нивната традиција.

Тие имаат и Ден на пчелата кој го прославуваат на 20 мај – денот кога е роден познат словенечки експерт за пчели кој живеел во 18-тиот век.

02.jpg

Имаат забавен карневал со застрашувачки костуми

Еден од најпознатите карневали во Словенија се нарекува Kurentovanje кој трае 10 дена, а почнува да се прославува 57 дена пред католичкиот Велигден.

Оние кои се дел од карневалот носат костуми украсени со волна. Тие имаат и ѕвончиња со кои прават голема врева со цел да ја избркаат зимата.

03.jpg

Имаат остров за исполнување желби

Во езерото Блед во Словенија има мало островче на кое е сместена црква во која има ѕвоно.

Според старите верувања, ако си замислите желба и го заѕвоните ѕвоното, желбата ќе ви се исполни.

Островчето е популарна атракција не само поради интересното верување, туку и поради уникатниот изглед.

04.jpg

Можете да купите млеко од автомати

Во Љубљана можете да си купите млеко од автомати. Наводно, идејата зад ова е фармерите да можат да го продаваат млекото без да треба да го носат низ маркети.

05.jpg

Словенците се грижат за природата

Во 2016 година Љубљана беше прогласен за најзелената престолнина во Европа, а за целата земја неретко се вел дека е една од најодржливите држави во светот.

Словенците се особено внимателни кога станува збор природата и екологијата, а овие признанија само го потврдуваат тоа.

Покрај тоа, околу 60% од површната на Словенија се покриени со густи шуми, а Словенците навистина сакаат да минуваат време во природа.

06.jpg

Словенците се вистински авантуристи

Со години Словенците го восхитуваат светот со неверојатните подвизи на нивните луѓе.

На пример, алпинистите Андреј и Марија Штремфељ се првиот брачен пар кој ја освоил Монт Еверест. Даво Карничар, пак, е првата личност која се спуштила од врвот на истата планина со скии.

Бенка Пулко е првата жена во светот која ги пропатувала сите континенти со мотор, како и првата жена која сама ја поминала Саудиска Арабија.

Словенецот Мартин Стрел е првиот човек кој ја препливал реката Амазон.

07.jpg

За празници го прават десертот potica

Potica е словенски десерт во форма на куглоф кој се прави за празници и важни настани. Во десертот најчесто се додаваат ореви и лешници.

08.jpg

Словенците сакаат логорски огнови

На 1-ви мај, Словенците имаат прослава позната како Kresovanje. За време на прославата, локалците се собираат и прават огромен логорски оган околу кој јадат, танцуваат, пијат и се забавуваат.

09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg