Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Часови по среќа, елфски јазик – Необични предмети во училиштата и факултетите ширум светот

Учениците во Јапонија имаат предмет кој се фокусира на природата. Со овој предмет тие учат како да се поврзат со неа и како да ја ценат повеќе.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-01.jpg

Предметите што се изучуваат во основно се колку-толку исти во целиот свет – мајчин јазик, математика, природни науки…

Во средните училишта постојат разлики во зависност од тоа дали станува збор за стручно училиште или не, а постојат и различни изборни предмети. Факултетите, пак, имаат задолжителни предмети во зависност од струката, а секако има и изборни.

Факт е дека постојат разлики во наставните програми на образовните установи ширум светот, но некои навистина се истакнуваат со уникатните предмети кои не би ги нашле на друго место.

Дел од овие предмети се предавале само извесен период, но некои од нив си останале во наставната програма. 

Неколку вакви предмети во продолжение:

Елфски јазик на Универзитетот во Висконсин

Џ. Р. Р. Толкин измислил неколку јазици (со свои граматички правила и правопис) за неговата трилогија „Господарот на прстените“. Од овие јазици, најпопуларен е „елфскиот“ кој можете да го слушнете во екранизацијата на книгите.

На Универзитетот во Висконсин има предмет посветен на овој јазик, а професорот што го предава е еден од лингвистите кои работеле на филмовите.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-02.jpg

Предмет за Лејди Гага на Универзитетот во Јужна Каролина

Професор од Универзитетот во Јужна Каролина стана хит откако направи невообичаени промени во неговиот предмет „социологија на славата“.

Најпрво тој сакал да ја искористи Лејди Гага како пример во неговиот предмет, но бидејќи бил нејзин огромен фан, решил целиот материјал да го посвети на неа.

Па, на овој предмет се изучува животното дело на Лејди Гага, како и нејзиниот подем во музичката кариера.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-03.jpg

Предмет посветен на Хари Потер на Универзитетот во Охајо

На Универзитетот во Охајо има предмет за литературниот жанр фантазија кој се фокусира само на серијалот Хари Потер.

Овде студентите ги изучуваат разните техники на пишување што ги користела Џ. К. Роулинг, како и влијанието на серијалот врз популарната култура.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-04.jpg

Часови по среќа во Германија

Неколку училишта во Германија имаат предмет со чија помош учениците учат како да бидат посреќни и подобри личности.

На крајот од годината учениците се вклучуваат и во добротворна работа.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-05.jpg

Историјата на Битлси на Универзитетот во Ливерпул

Студентите на Универзитетот во Ливерпул можат да слушаат предмет посветен на историјата и делото на култниот бенд Битлси.

Бендот потекнува од овој град, па веројатно од универзитетот сакале да им оддадат почит.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-06.jpg

Предмет за поврзување со природата во Јапонија

Учениците во Јапонија имаат предмет каде што учат да се поврзат со природата, и со тоа да ја ценат повеќе.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-07.jpg

Вампирите во литературата на Универзитетот во Висконсин

Бидејќи филмовите и книгите со вампири се многу популарни, на Универзитетот во Висконсин има предмет кој се фокусира на овие суштества во литературата, но и во филмската уметност.

Во предметот се изучуваат и старите легенди и митови поврзани со вампирите.

chasovi-po-srekja-elfski-jazik-neobichni-predmeti-na-uchilishtata-i-fakultetite-shirum-svetot-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg