Што мажите не разбираат ?
-->
Се чини дека никогаш нема да исчезнат разликите помеѓу мажите и жените. Жените едноставно е претешко да се разберат, особено некои нивни навики.
- Страв од инсекти
Поголем број на припадничките на понежниот пол водат битки со својот страв од инсекти, а тоа ги излудува момчињата. Никако да им стане јасно како некој може да се плаши од толку мали нешта а редовно да се мачка со жежок восок и да се депилира на невозможни места.
- Трачарење
Ова е уште една од работите кои момчињата никогаш нема да ја сфатат, а се работи за женската потреба за трачарење. Жените тоа можат да го прават секогаш, со било кого, било каде. Во нивните очи тоа е еден вид на шпанска серија која нема крај.
- Хормони
Секој месец иста приказна. Во “оние” денови од месецот жените се претвораат во чудовишта кои во се пронаоѓаат причина за расправија, или плачат на чудни нешта, а потоа се правдаат на тоа дека хормоните ги изненадиле. Момците не разбираат како жените можат да бидат изненадени и неподготвени секој месец во ист период?!
- Венчавка
На момчињата никогаш нема да им стане јасна желбата на жените за најсјајниот веренички прстен. За многу застанувањето пред олтар е многу важен момент, па вршат притисок за дефинирање на својата врска. Што е со жените и огромните свадби и сите детали?
- Обувки
Врската помеѓу жените и обувките (високите потпетици во прв план) е нераскинлива. И додека високите потпетици поголем дел ов времето го минуваат по кутии, ретко која припадничка на поубавиот пол ќе признае дека може без нив..или без уште како нив. Момците ова никогаш нема да го сфатат!
- Став
Женскито став е неистражено подрачје во кое ретко некој пробува да се вплетка. Обично после 2,3 месеца од врската излегува на површина женските ставови за се, а онаа мирна особа која ја познававме исчезнува и доаѓа до пресврт. Одеднаш доаѓа личност која се разбира и за се има свој став. Зошто?
- Жените говорат едно, мислат друго
Оваа мистерија ги излудува момчињата кои се водат под “што на ум тоа на друм”. Машкиот едноставен свет не е подготвен за женските мистерии кои ги излудуваат.
- Добар дечко vs. прав фраер
Секоја жена е во потрага на добар дечко кој ќе биде со неа и со кој ќе може да го планира својот живот, но кога ќе се појави таков на нејзиниот праг, тој оддеднаш добива надимак на “папучар” и тогаш почнува потрагата по фраер. Кога ќе завршите со скршено срце, утеха барате повторно во добрите дечки и приказната продолжува понатака.
Би можело да ве интересира:
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија
Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Смешни и чудни (интернет) трендови со кои бевме опседнати минатата деценија
Играчката „фиџет спинер“ и трендот со танцување познат како Harlem Shake – со ко...
Како изгледаат продуктите што ги користиме секојдневно пред да се најдат во продавница?
Сте виделе ли како изгледаат пластичните шишиња пред да бидат надувани?
Сте в...
Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља?
Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во В...
Забавни фотки направени во вистински миг (ќе треба да ги погледнете двапати)
Неколку генијални фотографии направени од луѓе кои го „фатиле“ совршениот миг - ...
Никола Тесла, принцот Вилијам - Денес е ден на левучарите + зошто се овие луѓе посебни
Официјалните податоци покажуваат дека меѓу 10 и 12% од светското население се ле...