9 работи кои психички ќе ве одморат кога ќе „пукнете“ под притисок од стресот
Кога ќе пукнете под притисокот од секојдневниот стрес, спасот не го барајте во прејадување или плачење.
Постојат 9 работи кои психички ќе ве одморат и ќе ве ослободат од анксиозноста и грижата, а се толку едноставни и никогаш не би ги поврзале со „ментален одмор“:
1. Правете или уништувајте парче сапун
Правењето на домашен сапун со природни состојки може да биде подеднаква анти-стрес терапија, како и неговото уништување со помош на остри сечила.
На тој начин визуелно сме стимулирани и вниманието не ни лута низ мислите и грижите.
2. Слушајте тажна музика
Тажната музика може да предизвика носталгија, а со тоа и пријатно чувство од убавите спомени, спротивно на она што го мислиме.
3. Дувајте во палецот
Верувале или не, палецот може да влијае на степенот на смиреност. Докторите сугерираат да вдишете голема количина на воздух и полека да дувате во палецот, веднаш над ноктот.
Исто така, и со благо притискање на делот над ноктот може да си помогнете да ја намалите анксиозноста.
4. Извалкајте ги рацете со земја
Садењето на цвеќиња може да биде неверојатно релаксирачко искуство.
5. Играјте си со глина, пластелин или слајм
Иако ова се детски играчки, исклучително се добри за нервниот систем и на возрасните.
6. Исправете го грбот
Доброто држење на телото може да направи чуда за расположението. Со тоа што го држите ‘рбетот исправен, шансите да се чувствувате подобро се многу поголеми.
7. Отворете и затворете ја дланката неколкупати
Отворањето на дланката и притискањето во форма на бокс наизменично, ќе ве ослободи од мислите и ќе го релаксира мозокот.
8. Масирајте ги стапалата со тениско топче
Во стапалата се собира поголемиот стрес, па нивното релаксирање со тениско топче може сериозно да го опушти целото тело.
9. Бројте ситни парички
Мозокот е многу поопуштен кога се фокусира на една работа, односно активност која не му создава стрес.
М. Д. | Црнобело