Што открива знакот за вас?
Секој од нас во себе има особини од секој знак на зодијакот, но нашето време на раѓање има големо влијание на тоа како ја перцепираме љубовта и...
...сексуалниот живот. Еве мало појаснување како поедините знакови го одредуваат нашето сексуално однесување:
Овен
Овенот на некој начин е детски знак. Личностите родени во тој знак мораат да бидат први во се, не сакаат одбивања, но од нив бргу и се оправуваат. Многу се избувливи и имаат потреба да делуваат во склад со секоја идеја која што ќе им падне на памет. Освен тоа, Овните често се преокупирани со себе и тешко се концентрираат на друга личност.
Бик
Станува збор за многу трпеливи личности кои се многу сензуални и сакаат пријатни и убави опкружувања. Не им е проблем да почекаат за да видат како ќе се одвиваат работите. Личностите родени во знакот на Бик се лојални, стабилни и многу тврдоглави.
Близнаци
Интелектуален знак кој има постојана потреба да се забавува со своите мисли. Работат неколку работи истовремено. Тоа се одразува на нивниот љубовен живот и не им е непознато - истовремено да се во врска со повеќе личности. Сексуално се многу креативни и сакаат да пробаат нови работи.
Рак
Ракот е знак со многу заштитничка и чувствителна природа. Тој има постојана потреба за трајност и сигурност во љубовните врски. Сака да се грижи за личноста која му значи. Во сексот се многу нежни.
Лав
Личностите родени во знакот на Лав имаат изразено его и детско однесување. Имаат потреба да ја забавуваат околината и да бидат во центар на внимание. Постојано бараат пофални зборови за нивната умешност во креветот. Се работи за многу горди личности кои нема да останат во врска ако таа им штети на нивното его.
Девица
Девицата многу размислува и е многу пребирлива. Со неа владее Меркур, планетата на комуникацијата па затоа се многу вешти во остварување на добри меѓучовечки односи со околината. Овие личности се сексуално многу силни. Но, исто така, во врската им е важна сигурноста.
Вага
Личностите родени во знакот на Вага постојано се измачуваат со донесување на одлуки. Тоа најдобро се гледа во нивниот љубовен живот. Сепак, тоа е се шармантни и топли личности, а во сексуалноста повеќе сакаат грациозност отколку вулгарност.
Скорпија
Скорпијата е сексуален знак. Личностите кои му припаѓаат на овој знак се страстни и екстремни во се што се впуштаат. Најсреќни се кога се наоѓаат во сексуално исполнувачка љубовна врска. Скорпиите можат да бидат и многу посесивни и доминантни, но и емоционални. Многу добро внимаваат со кого се впуштаат во љубовен однос. Тоа е затоа што за се имаат високи стандарди.
Стрелец
Стрелците сакаат слобода и испробување на различни работи. Мажите кои му припаѓаат на овој знак долго остануваат сами. Стрелците во сексуалноста не сакаат ограничувања и сакаат да експериментираат.
Јарец
Јарецот во исто време е сензибилен и сериозен. Родените во овој знак најсреќни се во сигурни врски. Многу се упорни и не прифаќаат негативен одговор. Сепак, во врските се многу топли. Исто така јарците се склони кон постигнување успеси, ништо не може да им застане на патот.
Водолија
Од сите знаци на зодијак, Водолијата е најголем иноватор. Тоа се интелектуалци кои постојано бараат нов начин на ментално стимулирање. Личностите родени во тој знак често се занимаваат со наука. Сакаат партнер кој може да го следи нивниот истражувачки дух.
Риби
Рибите во врските се многу осетливи, но и возрасни. Сакаат сигурност, но склони се и кон препуштање на моментот. Личностите родени во знакот на Риби се нестабилни и не можат долго време да бидат на едно место. Ги краси извонредна способност за интуиција. Тоа најмногу им користи во сексуалноста затоа што можат да предвидат кој би требало да им биде следниот чекор.