Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 работи кои е поверојатно да се наследат од таткото

На часовите по биологија учевме дека 50% од гените ги наследуваме од мајката и останатите 50% од таткото. Па, според овој биолошки факт би требало да значи дека физичките и генетските карактеристики ги добиваме подеднакво по половина и од двајцата родители.

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-001.jpg

Но, вистината е дека генетиката е многу покомплицирана. Сепак, со помош на некои истражувања се откриени карактеристики кои е поверојатно да ги наследиме од таткото.

Па, што е поверојатно да се наследи од таткото?

1. Висината

„Висок е на татко му“ е и научно потврдено. Висината зависи од преку 700 различни генетски варијации, но гените на таткото тука преовладуваат, односно можат да влијаат директно на стимулацијата на растот.

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-01.jpg

2. Проблеми со забите

Кога таткото има проблеми со забите и мора да оди почесто на стоматолог, голема е веројатноста дека ситуацијата ќе биде иста и со детето. Формата на вилицата и проблемите како искривени заби е поверојатно да се наследат од таткото.

Можно е и склоноста кон кариес да биде наследна, но во овој случај многу поважна е вашата грижа за забите отколку генетиката.

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-02.jpg

3. Дупчиња во образите

Во многу култури, дупчињата во образите се симбол на убавина, а во генетиката се сметаат за доминантна генетска карактеристика. Некои истражувања покажале дека овој ген најчесто се наследува од таткото. 

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-03.jpg

4. Отпечатокот на прстот

Иако не постојат два идентични отпечатоци на прсти, сепак шарите на прстите повеќе личат со оние на таткото, отколку на мајката, бидејќи се верува дека обично се наследуваат од него.

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-04.jpg

5. Полот

Татковците се можеби најмногу одговорни за полот на детето, односно за мешањето на X и Y хромозомите.

5-raboti-koi-se-nasleduvaat-samo-od-tatkoto-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
8 работи со кои постепено го уништуваме светот, а ги игнорираме „Постојаното седење. Повеќето луѓе го минуваат скоро целиот ден во седечка полож...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg