Кои се 10-те најевтини држави за живот во 2022 година?

Во Португалија ќе ви бидат потребни околу 2.500 долари месечно за удобен живот со партнер, а во споредба со тамошната просечна плата, оваа сума не е воопшто висока. Дали Македонија би можела да се најде на листава, земајќи ги предвид просечната плата и трошоци...?

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-01.jpg

Магазинот International Living секоја година објавува извештај со најевтините држави за живот во светот.

За извештајот се земаат предвид неколку фактори, како просечна плата, здравствено осигурување, цена на здравствени услуги, трошоци за храна и сметки...

Додека трошоците на месечно ниво можат да изгледаат високо, кога ќе се земат предвид просечните плати во земјите од листата, животот сепак е поевтин и подобар.

Новинарка на Форбс редовно прави анализа на овој извештај и ги истакнува 10-те најевтини држави во кои животот може да биде навистина удобен со просечна плата.

Во продолжение најевтините држави за живот за 2022 година:

Панама

Панама е една од најбезбедните земји во светот, а доселениците обично лесно се снаоѓаат. Овде би можеле да живеете навистина удобен живот со околу 1.700 долари месечно.

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-02.jpg

Костарика

Покрај тропската клима, Костарика е привлечна и за ниските трошоци за живот, но и пријателски настроените локалци.

Според извештајот, пар би можел дa живее удобно со околу 2.500 долари месечно, додека сама личност може да има добар живот за околу 1.600 долари месечно.

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-03.jpg

Мексико

На пар кој живее во Мексико би му требале околу 2.000 долари за да го помине месецот. Со оваа сума може да се покрие сè – сместување, транспорт, здравство и храна.

Единствено, доколку станува збор за атрактивна дестинација во Мексико, цените можат да бидат повисоки.

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-04.jpg

Португалија

За удобен живот во Португалија доволни се околу 2.500 долари месечно. Во некои поголеми градови кои се и популарни туристички атракции, како Лисабон, трошоците се околу 3.000 долари месечно.

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-05.jpg

Колумбија

Една личност може да живее со 1.030 долари месечно, додека за пар би било потребни нешто помалку од 2.000.

На некои места времето е совршено, па нема трошоци за греење и ладење, а наводно ова заштедува и до 3.400 долари на годишно ниво.

koi-se-10-te-najevtini-drzhavi-za-zhivot-vo-2022-godina-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg